Конференција за поттикнување на дијалог помеѓу младите лицa и креаторите на политики

Сподели

На 27ми и 28ми октомври, во хотел Епинал во Битола, ќе се одржи дводневна конференција на тема „Улогата на локалните власти во поддршката на младинското претприемништво како алатка за економски развој и вработување“, во организација на Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија.

Целта на конференцијата е да ги спои претставниците на локалните власти и државните организации заедно со младите на еден настан, каде слободно ќе ги изнесат своите ставови и мислења со цел за изнаоѓање заеднички јазик за делување и поддржување на младинското претприемништво во државата.

На оваа конференција младите ќе се стекнат со повеќе информации и знаење за претприемништвото и претприемачкиот еко систем во државата; ќе учествуваат во практични работилници каде ќе се запознаат со претприемачките карактеристики, групна работа, брејнсторминг како би дошле до конкретни предлози и решенија за подобрување на дијалогот со локалните власти.

Оваа конференција е дел од проектот „Дијалог помеѓу младите луѓе и креаторите на политики“, финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Македонија.

Проектот има цел да промовира дијалог помеѓу младите луѓе и претставниците на локалните власти, работејќи на идентификација на политики и активности во борбата против невработеноста.

За исполнување на оваа цел ЦЕФЕ Македонија ангажира експерт кој изготви истражување за да ги дознаеме навиките и размислувањата на младите за започнување сопствен бизнис, како и поддршките кои ги даваат локалните власти. Резултатите од истражувањата ќе бидат презентирани на првиот дел од конференцијата, како почетна точка за подетално продлабочување во темата.

Овој проект исто така ќе придонесе за развој на локални партнерства кои заедно ќе работата за постојано подобрување на поддршката на малдите претприемачи.

На настанот можат да учествуваат студенти, невработени, млади претприемачи, лица кои размислуваат за започнување на сопствен бизнис, претставници на бизнис сектор, вработени во државни и локални организации и организации за поддршка на претприемништво, професори, претставнизи од граѓански скетор и др.

Бројот на учесници е ограничен.
Апликацијата можете да ја преземете тука. Пријавување најдоцна до 21 Октомври на elena.g@cefe.mk

За повеќе информации и пријавување за учество на конференцијата, лице за контакт Елена Гагачева, elena.g@cefe.mk, тел: 075 257 075