Експертска средба за креирање нов тренинг курс во рамки на проектот ГЕТ ЈЕС

Сподели

ЦЕФЕ Македонија тековно работи на проект кој како краен производ ќе понуди нов тренинг курс за стекнување на вештини со кои младите полесни би дошле до вработување или самовработување.

Овој проект насловен како „GET YES – Global Exchange and Training, Youth Employability Service”  ЦЕФЕ Македонија го реализира во партнерство со организации од Чиле – Plataforma Aurea, Јамајка – Business Works, Германија – CEFE International и Филипини – CEFE net Philippines.  Финансиран е од програмата Erasmus +, KA2.

За тековните потреби на проектот, експерти, претставници од сите организации се собраа на работна средба во Скопје. Во период од 18 до 24, напорно се работеше на дефинирање на активностите за наредниот период, обуките кои треба да бидат опфатени во овај тренинг курс, како и целите што треба да се постигнат од целата работа.

Како претходни активности во склоп на проектот беа истражувањата на најдобри практики за вработување на младите во поединечните земји, кои служат како насоки за креирање на новиот тренинг курс.

Тренинг за тренери кои ќе бидат обучени да ја спроведуваат оваа програма насекаде низ светот ќе се одржи во месец Август. Овој тренинг ќе трае 15 дена и заинтересираните можат да се пријавуват на нашата е-маил адреса info@cefe.mk. Повеќе детални информации за овој тренинг ќе следат во иднина.

За брзо време сите информации за тековното работење на проектот „GET YES“ ќе ги добивате и преку официјалната страна која ќе биде објавена дополнително.’

 

[Best_Wordpress_Gallery id=”17″ gal_title=”Expert meeting”]