Тимот на ЦЕФЕ Македонија ве поканува на „Глобален бизнис форум“ во Скопје кој ќе се одржи на 20.04.2016 год. со почеток од 16 часот и ќе трае до 20 часот, во Бизнис центар Хипериум во Скопје.
На настанот говорници ќе бидат, нашиот добро познат економски и финансиски аналитичар г-дин Сем Вакнин, како и наши гости претставници од ЦЕФЕ Јамајка, ЦЕФЕ Филипини, ЦЕФЕ Чиле и ЦЕФЕ Интернешнал – Германија.
Што ќе добиете:
– Економски можности за соработка меѓу организациите од државите гости и учесниците на форумот;
– Г-дин Сем Вакнин ќе ни претстави алтернативни начини на финансирање за реализирање на нашите идеи за соработка или јакнење на бизнисот;
– Бизнис вмрежување и аперитив
Настанот е наменет за: претприемачи, менаџери, иноватори, студенти, професори, претставници на граѓански заедници, вработени во институции за поддршка на претприемништвото и економски развој.
Тема на разговор ќе бидат можности за соработка на глобално ниво, каде што нашите гости ќе зборуваат за начинот на работа и предизвиците со невработените луѓе во нивните земји, како и нивните перспективи за соработка. Додека во вториот дел г-дин Сем Вакнин ќе ни претстави неколку алтернативни начини на финансирање за реализирање на нашите идеи.
Целиот настан воедно ќе биде олична можност за вмрежување и подобро запознавање со работата на глобалните ЦЕФЕ партнери.
Инвестицијата за ваква можност изнесува 500 денари. Со пополнување на електронската пријава и уплата на банкарската сметка на ЦЕФЕ Македонија вие си резервирате место за одлично искуство, збогатено со многу нови и корисни информации.
Важно: Целиот настанот ќе биде на англиски јазик.
*Информации за местото на настанот ќе истакнеме дополнително.
Тука може да ја погледнете агендата на настанот.
Банкарски податоци:
ЦЕФЕ Македонија
НЛБ Тутунска Банка АД Скопје
Жиро сметка број: 210 063 771 060 147
Адреса:
ЦЕФЕ Македонија
„Никола Парапунов“ 33/57, 1000 Скопје
Република Mакедонија
Цел на дознака: Глобален ЦЕФЕ бизнис форум
Лице за контакт и повеќе информации Елена Гагачева, elena.g@cefe.mk, 075/257-075

