ЦЕФЕ како иновативен метод во образованието

Сподели

Зоран Витанов, еден од основачите на ЦЕФЕ Македонија беше обучувач во обуките за иновативни методи во образованието кои ги организира Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Тренинзите се одржуваа во четири средни училишта во Скопје во текот на Јануари.

Овие обуки имаат за цел да ги обучат наставниците како активно да ги вклучат учениците во образовниот процес преку иновативни методи и на тој начин да се градат личности со проактивен карактер кои ќе бидат предводници на важни промени во општеството.

Витанов пред наставниците ја објасни ЦЕФЕ методата, која е развиена пред 25 години од страна на германската држава за поттикнување и развој на претприемаштвото. Со оглед на тоа дека методологијата се базира врз учење преку искуство, истата доколку се применува во образованието би придонесла кон креирање на идни генерации на претприемачи. Покрај тоа Зоран во својата обука нагласи дека со ЦЕФЕ методата се поттикнуваат лидерските карактеристики кај учениците и тие стекнуваат вештини и знаења кои ќе бидат многу корисни за нивниот професионален развој во иднина.

Преку ваквите обуки за средните училишта, уште еднаш се докажува дека ЦЕФЕ методологијата е потребна да се применува во образованието со оглед на веќе успешните резултати од нејзината употреба од многу земји во светот.

Повеќе може да прочитате на веб страната на Иновативност.