ЦЕФЕ Македонија покрена нова иницијатива „Битола сака Претприемачи“ чија цел е усовршување на компетенциите на младите во Македонија и насочување на нивните таленти за развој на нашето општество. Во рамките на оваа иницијатива ќе се одржуваат циклус на обуки за претприемништво и првата обука за бизнис вештини ќе биде реализирана месецов.
Оваа обука ќе биде интензивен курс по претприемништво, на кој ќе се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на идеи, преку организација, маркетинг финансирање, се до креирање на бизнис план и истажување на пазарот. Курсот ќе се одржува по светски познатата ЦЕФЕ метода, што значи вежбите се интерактивни и симулации на реални ситуации кои даваат дополнителна вредност на цело стекнато знаење.
Главната цел на овој настан е да ве обучи и да ви даде знаења и вештини за бизнис активности и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис.
Теми кои ќе се разработата на обуката се:
- Лични претприемачки карактеристики
- Генерирање и селекција на идеи
- Поставување на цели и менаџирање на околина
- Организација и производство
- Маркетинг и истражување на пазар
- Финансирање
- Креирање на бизнис план
Што ќе научете од оваа обука:
- Како да го препознаете својот претприемачки капацитет
- Како да воспоставите мрежа на бизнис контакти
- Да ги разберете клучните структури и принципи на претприемачкото планирање
- Да ги разбирете основните принципи на фнкционирање на пазарната економија
- Да знаете како да го проценувате вашиот удел на пазарот
- Да го препознаете влијанието на окружувањето врз вашата работа
- Да сте свесни за слабите и јаките страни на својата конкуренција
- Да ги пресметате основните средства
- Да изготвите биланс на состојба
- Да постигнете подобри резултати во водењето на компанијата, користејќи инструменти за финансиска анализа и планирање.
Обуката е дизајнирана да се реализира во четири дена, а целите ќе се постигнат во шест сесии составени од практични и интерактивни вежби и минимум теоретско предавање.
Кој ќе не обучува? Сесиите ќе ги водат по два ЦЕФЕ тренери, кои во текот на целиот процес заедно со групата ќе бидат набљудувани од страна на ментор со долгогодишно искуство како тренер и бизнис консултант.
КОГА ќе се одржува? Од 24 до 27 Февруари 2016 година.
24, 25 и 26 сесиите ќе траат од 16:00ч до 20:00ч.
На 27ми од 14:30 до 18:30ч.
КАДЕ? Просториите на Младински Културен Центар (МКЦ) – Битола
Што добивам дополнително?
- Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и потпишан од обучувачите;
- Материјали во печатена и електронска форма;
- Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка;
Погледнете дел од атмосферата на ЦЕФЕ обуки:
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1021800674532646.1073741851.669733173072733&type=3
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10150177029842465.265390.62185562464&type=3
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.149198888596348.1073741832.106437769539127&type=3
https://www.youtube.com/watch?v=k6jbQzoydsk
ВАЖНО: Обуката ќе се одржува во група од 20 членови, местата се ограничени.
Колку треба да инвестирам за себе? Реалната цена на чинење за овој тип на обука е 700 евра по учесник. Согласно целите на иницијативата и мисијата на ЦЕФЕ Македонија оваа обука ќе ви биде овозможена со инвестиција од само 1000 денари* во основни трошоци!!!
Како да се пријавам? Пријавување со пополнување на електронската пријава со целна дознака „Обука за бизнис вештини“ до 22 Февруари 2016 година. Повеќе информации на: elena.g@cefe.mk ; info@cefe.mk
Контактите на организаторот на настанот од ЦЕФЕ Македонија: Елена Гагачева 078/201-854, 075/257-075.
Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите со уплата од 1000 денари* на долната сметка најкасно до 22 февруари 2016 година.
Банкарски податоци:
ЦЕФЕ Македонија
НЛБ Тутунска Банка АД Скопје
Жиро сметка број: 210 063 771 060 147
Адреса:
ЦЕФЕ Македонија
„Никола Парапунов“ 33/57, 1000 Скопје
Република Mакедонија
Цел на дознака: Обука за Бизнис Вештини
* Во случај на поголем број пријавени кандидати ЦЕФЕ Македонија го применува принципот „first come – first served“ (во случајот: прв пријавен – прв услужен).
Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија нема исклучоци при плаќањето на надомест за учество доколку лицето отсуствува на дел од обуката или е претставник од здружение на граѓани.

