Што развивме ново за развој на претприемништвото

Сподели

Тимот на ЦЕФЕ Македонија со нови идеи во првите месеци од 2016-та година. Како резултат на нашите континуирани заложби за креирање на нови генерации на претприемачи, секогаш чекориме заедно со вашите потреби, согледувајќи ги предизвиците со кои се соочувате.

Во таа насока, оваа година за ЦЕФЕ Македонија тимот започна со брзо темпо. Ги конвертиравме потребите на претприемачкиот еко систем во проектни идеи, кои во следниот текст ги споделуваме со вас. Воедно ве каниме да ни дадете ваши предлози, повратни информации – заедно да ја продолжиме соработката и во 2016-та.

Што сакаме да постигнеме со новите проекти кои ги аплициравме во текот на Јануари и почетокот на Февруари?

  • Развој на идни ЦЕФЕ тренери – проект за нивно водење и менторирање, како и и ширење и зајакнување на ЦЕФЕ мрежата на соработници во 12 земји од Европа (ЕУ Еразмус плус фонд, К1)
  • Нови генерации на претприемачи – Нашата иницијатива на проектот “Инвестирај“ прерасна во проект за Пан Европски масивен онлјан курс со студии на случај за претприемачките еко системи во Шпанија, Турција, Италија, Литванија, Бугарија, Македонија и ЕУ генерално. (ЕУ Еразмус плус фонд, К2)
  • Промоција и развој на практиканството – проект за Македонија, Литванија, Бугарија, Турција и Хрватска со цел што повеќе фирми да ги препознаат предностите на ангажирање на практиканти, а младите да ги унапредат своите работни вештини за полесно вработување. (ЕУ Еразмус плус фонд, К3)
  • Зајакнување на дијалогот меѓу младите и носителите на економски одлуки – Целта на проектот е да се зголеми свесноста за заеднички дискусии во однос на развој на претприемаштвото во Македонија. (ЕУ Еразмус плус фонд, К3)
  • Нови можности за вработување на социјално ранливи категории граѓани – како до полесно вработување, како до поддршка? Проект финансиран од ИПА програма-фонд во Италија, одобрена концепт нота.