ЦЕФЕ – член на Националниот Младински Совет на Македонија

Во саботата, на 28-ми Февруари во Скопје, делегатите на Собранието на Националниот Младински Совет на Македонија (НМСМ) ја усвоија одлуката ЦЕФЕ Македонија да влезе во редот на полноправни членови.

Претходно, претседателот на ЦЕФЕ, Јован Сталевски одржа презентација за работата на организацијата, активности и идни планови. НМСМ е платформа која ги претставува интересите и потребите на младите луѓе во Македонија како линк со сите засегнати страни и која обезбедува вклучување и активно учество на младите во процесот на донесување одлуки на секое ниво.