Вести

Објавено на јануари 10th, 2023 | од admin

0

ЦЕФЕ обучувачите со нови финансиски вештини

Во 2022 година нашите ЦЕФЕ обучувачи Елена Гагачева, Валентина Тодороска, Маја Давкова, Валентина Зафироска и Јован Сталевски ги надоградија своите обучувачки и технички компетенции со две нови програми за финансиска едукација:

  • Штедење и инвестиции (Saving Games)
  • Финансии за мали бизниси (Micro Business Games)

Овие програми беа овозможени преку соработката со Германскиот Шпаркасен стифтунг за интернационална соработка – German Sparkassenstiftung for International Cooperation https://www.sparkassenstiftung.de/en

Нашите обучувачи инвестираа значителни ресурси во овој интензивен процес:

  • Вупно 16 дена во активно учество на обука за обучувачи за двете програми,
  • Околу 4 дена менторство и подготовка за реализирање на 7 самостојни обуки за преку 50 лица (претежно жени, млади и претприемачи),
  • 5 дена во мониторинг и оценување на резултатите, како и во работилници за тестирање на знаењето и вештините,
  • И нормално, лична мотивација, дисциплина, соработка, тимска работа, желба за професионална надоградба и посветеност кон мисијата за градење на претприемачки економии засновани на компетенции.

Германскиот Шпаркасен стифтунг покрај капацитети на ЦЕФЕ Македонија, придонесе и за развој на нови обучувачи и за Џуниор Ачивмент Макеоднија, Здружението на Агроекономисти на Македонија, Асоцијацијата на сертифицирани менаџмент консултанти МКА 2000 и Импакт Фондацијата. Во овој процес тимот на ЦЕФЕ Македонија имаше координативна и менторска улога со што сме високо благодарни за довербата и соработката со тимот на Германскиот Шпаркасенстифтунг во Германија и Албанија.

Во следниот период, јануари – март 2023, нашите ЦЕФЕ обучувачи ќе учествуваат и на обука за обучувачи за Farmers Business Games, за да се подготват да го подигнат нивото на свесност и подготвеност кај населението за започнување и водење на бизнис во областа на земјоделието. 

Сите заинтересирани за започнување и подобрување на агро бизнис може да се пријават за следниот циклус на обуки што ќе биде во февруари – март 2023 година на овој линк.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑