Вести

Објавено на ноември 7th, 2023 | од admin

0

ЦЕФЕ Македонија ќе биде дел од Глобална Недела на Претприемништво (ГНП) 2023

ЦЕФЕ Македонија ќе биде дел од Глобална Недела на Претприемништво (ГНП) 2023 на 14ти Ноември од 18 до 19:30 часот!

По повод овој голем настан, ЦЕФЕ Македонија ќе ве информира за влијанието на финансиската едукација врз претприемачите и нивната успешност.

Гости говорници: 

  • Елена Гагачева. Маркетер, обучувач, претприемач
  • Јован Сталевски. Претприемач, обучувач, дизајнер на проекти

Зошто е важно да ги знаеме финансиите аспекти од бизнисот? Најважно – да можеме да носиме правилни одлуки, како и да ја зголемуваме нашата конкурентност. Исто така финансиските знаења овозможуваат поголема парична независност и согледување на повеќе можности. 

Главните апсекти кои секој претприемач е пожелно да ги знае и разбира се: разбирање на финансиските биланси, разбирање на кредитните извештаи, познавање на главните финансиски соодноси, знаење како да пресмета повраток на инвестиција, солидно разбирање на готовинскиот тек, разбирање на даноците и како тие влијаат на бизнисот.

Како заклучок може да кажеме дека разбирањето на бројките во бизнисот, креирањето и користењето на системи или алатки што функционират за претприемачот и знаење за различни финансиски достапни можности се клучни за вашата финансиска едукација и со тоа може да изградите одржлив бизнис сега и во иднина. 

Пријавете се на следниот линк до 13ти ноември, очекувајте емаил со линк до ЗООМ. 

Се гледаме на 14ти Ноември (вторник) во 18 часот да слушнеме и размениме примери и совети како да ја подобрите вашата финансиска едукација или од каде да започнете.

Контакт:

info@cefe.mk 

Глобална Недела на Претприемништво (ГНП) е организиран настан секоја година околу месец Ноември, и учествуваат повеќе од 180 држави. ГНП е најголемиот светски настан што ги прославува иноваторите и претприемачите кои спроведуваат старт-ап компании, а кои допринесуваат во развој на идеи, економски раст и проширување на човечката благосостојба.

ГНП се случува секаде, низ целиот свет, и е наменета за секого, секаде, во секое време.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑