ЦЕФЕ Македонија учествува на состаноците на КООРДИНАЦИСКО ТЕЛО ЗА ФИНАНСИСКА ЕДУКАЦИЈА И ФИНАНСИСКА ИНКЛУЗИЈА
На 22 декември 2022 година (четврток), Работната група за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финаисиска инклузија (составена од претставници на регулаторните институции, претставници на приватниот сектор и невладиниот сектор) одржа работна средба бр. III/2022.
На средбата, која траеше 2 часа, се зборуваше за следно:
- Презентација за новиот Закон за заштита на потрошувачите – Нериман Џеладини, раководител на Сектор за внатрешен пазар, Министерство за економија;
- Презентација за отпорноста, финансиската едукација и финансиската инклузија на населението во Северна Македонија – Анета Крстевска, Главен економист, Народна банка;
- Повик до приватниот и граѓанскиот сектор за доставување известувања за реализирани активности во областа на финансиската едукација и финансиската инклузија во 2022 година;
Претставници од ЦЕФЕ Македонија, во 2022 година активно се вклучија во работните состаноци. Во периодот октомври – декември 2022 ја промовиравме финансиската едукација до повеќе од 25.000 лица во Македонија. Со обучувачите и партнерските организации, во ноември-декември 2022 обучивме повеќе од 60 учесници, претежно жени со вештини и разбирање за финансиско работење на микро бизниси.