ЦЕФЕ Македонија реализирани активности за 2023 година

Еразмус + Проекти 

1. САПЕ Проект (Зајакнување на практикантите со претприемачки вештини)

Студиска посета на стручни училишта и институции кои ги поддржуваат младите претприемачи во Естонија. 

Обуки за наставници од стручни училишта во Анкара Турција – обучени 25 наставници со ЦЕФЕ алатките од Турција Македонија и Естонија 

Обуки за ученици во МК ЕС ТР. Во МК се реализираа обуки во 2 стручни средни училишта во Охрид и Кочани и во факултет за бизнис менаџмент (вкупно 60 млади обучени со бизнис вештини). Во ТР и ЕС обучени 120 ученици. 

Состанок на партнерите во декември 2023 во Естонија. 

Во 2024 се планира обука за претприемништво на универз Апостол Павле во Охрид + камп за млади 20 претприемачи во Македонија. Во јуни 2024 г ќе се одржи Конференција за важноста на претприемништво во стручното образование. 

ВИРТУАЛ проект (Подобрување на вештините кај вработените во туристичкиот сектор преку користење на виртуелна технологија)

Истражување за можностите за дуално образование во секторот туризам. 

Изработен каталог за побаруваните вештини и профили за вработени во туристичкиот сектор во Макеоднија, Албанија и Косово. 

Изработување на интеркативна мапа за пронаоѓање на дуалните образовни програми во туризмот на Балканот. 

Состанок на партнерите од Виртуал проект – онлајн декември 2023 

Во 2024 – Истражувања за потребите и состојбите во секторот туризам во МК АЛБ КОС Прирачник и едукативни материјали за користење со огментирачка и виртуелна реалност. 

Формирање на клубови на туристички работници кои ќе го поддржуваат стручното образование.

СДЛ Проект (Поттикнување на себе насоченото учење кај младите кои не се во образование и не се вработени) 

Се направи истражување за методот на себенасочено учење кај младите кои не се во образование и не се вработени. 

Промотивни настани за СДЛ проектот и Еразмус+ програмата во Струмица, Битола и Скопје 

Обука за 25 младински работници во Малта 

Креирање на методологија за поттикнување на неет младите да се вклучат во образование или да се вработат. 

Камп за 40 млади од Естонија, Малта, Турција и Македонија во Струга во декември 2023 

Во 2024 – се планира обука за обучувачи во Турција и конференција за важноста на СДЛ методот во Естонија. 

БЛЕС Проект – Учество на меѓународен тренинг курс за зајакнување на вештините на младинските работници кои работат со мигранти. Организиран од ЦЕФЕ обучувачи од генерација 2015 

Проект за вмрежување на организации од областа на претприемачката едукација ЕнтреПартнер. 50 учесници во Талин Естонија во јануари 2023 

Проект за вмрежување на организации од областа на гемификација во едукацијата во Жебжедивоцие, Полска. 30 учесници од Европа во јануари 2023.

 No photo description available.

No photo description available.

Други проекти 

  1. ФИН ЈЕС проектФинансиска Писменост за Млади Претприемачи

Проектот започна во октомври 2023 и ќе трае до април 2024 година. 

Информирање на јавноста за проектот и активностите – 40 учесници на настани во Битола, Штип, Струга. 

Адаптирање на материјали за финансиска писменост од областа на бизнис финансиите преку борд игра – микро бизнис игра. 

Обука на обучувачи за 20 наставници од средни училишта и професори за користење на борд гејм за изучување на бизнис финансии 

Во 2024 се планирани 9 локални обуки кои што ќе бидат спроведувани од страна на обучувачите од проектот и ќе користат борд гејм МБГ, ќе се обучат над 100 ученици и студенти. 

Креирање и акредитација на натпревар за финансиска писменост од областа на бизнис финансии 

Конференција за споделување на резултатите од проектот 

ОБУКИ

Во 2023 се одржаа вкупно 61 обука и работилници на кои присуствуваа вкупно 750 учесници. 80% од обуките беа организирани и спроведени од ЦЕФЕ Македонија, а останиот дел од ЦЕФЕ обучувачите во нивна приватна режија со користење на методологијата. 

Ова е список на одржаните обуки и работилници: 

Ориентација кон клиенти за 30 претставници од министерства и агенции

Менаџмент на стрес за 40 претставници од министерства и агенции

– Обуки (три) за Финансиски менаџмент за 20 жени претприемачи 

– Црвен Крст – во циклус од 10 обуки во 10 различни градови низ Македонија се обучија 64 едукатори и обучувачи од Црвен Крст за користење на искуствено учење и обучувачки техники во нивната работа. 

НДИ обука за 16 обучувачки од политичките партии на Р Македонија.

– УНДП АВРМ (20 обуки) обучени преку 150 лица за самовработување од страна на ЦЕФЕ обучувачите 

– Обуки за Финансиска писменост и едукација за 15 вработени во Американска амбасада во Скопје 

Обука за обучувачи во Полска за 25 младински работници и едукатори од Европа

Обуки за развој на бизнис идеја за проектот Рекономи. Обучени преку 100 млади од Струмица, Св. Николе, Битола и Штип преку ЦЕФЕ обучувачите Благој, Елена, Вале, Никола, Маја 

– Благој Трајков одржа обуки за маркетинг за 15 учесници и обука за бизнис игри за фармери за 15 млади во Американско катче Штип 

– Валетина и Елена одржаа работилница за Микро Бизнис Игри за 15 учеснички и претприемачки вештини за 15 учеснички во Американско Катче Струга

– Јован одржа работилница за развој на бзинис вештини за 80 ина студенти и средношколци на ТМФ – факултетот за Технологија и Металургија во Скопје. Организирана од Ино Фаб Лаб. 

Обуки за развој на агробизнис преку бизнис игри за фармери. Одржани 10 работилници со преку 60 учесници. Обучувачи: Валентина Тодороска, Благој Трајков, Марија Чукниева Недевска, Ивана Јаневска Стаменковска, Ана Симоновска 

Обука за обучувачи за развој на агробизнис преку бизнис игри на фармери. 10 дневна обука со Германскиот Шпаркасестифтунг. 

– Ана Петровска организира и спроведе работилница за еколошка свест за 50 ученици од училишта во Аеродром, Скопје. 

КОНСАЛТИНГ

Во 2023 година, консултантите на ЦЕФЕ Македонија изготвија вкупно 34 бизнис планови и им помогнаа на 34 претприемачи да најдат финансирање за нивните бизниси:

– За АППРМ се креирани 33 бизнис планови за самовработување со грант во 2023 – консултанти Јован Сталевски, Катерина Кимовска Геровска и Деан Стојановски.

– Изготвен бизнис план за Електрична централа со инвестиција од 65 милиони евра -консултант Јован Сталевски. 

ЦЕФЕ МРЕЖА И ОБУЧУВАЧИ

– Градење на капацитети за Елена и Јован – обука на обучувачи за МБГ во Косово

– Јован Сталевски – Спикер на конференција за Подобро образование во Европа и Евроазија организирана од Џунио Ачивмент Македонија. 

– Глобална недела на претпримеништвото финансиска писменост за 40 учесници Јован Сталевски и Елена Гагачева 

Лиценцирани се обучувачи за два производи за обука за финансиска писменост на Шпаркасе стифтунг „Сејвинг Гејмс“ и „Микро Бизнис Гејмс“. 

Носители на лиценците се: Маја Давкова, Елена Гагачева, Валентина Тодороска, Јован Сталевски и Валентина Зафировска. 

– Во Анкара, Турција, преку проектот САПЕ се обучија нови обучувачи со ЦЕФЕ Методологија: Весна Ефремова, Христина Серафимовска, Ирена Ралева Најдевска, Бобан Русески и Устијана Речкоска Шикоска. Изработија и локални обуки, со што може да го почнат процесот за национални ЦЕФЕ обучувачи. 

МЕМОРАНДУМИ

– Потпишан меморандум за соработка со Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД Штип. 

– Потпишан меморандум за соработка со Универзитет за Информатички науки и Технологии Св. Апостол Павле од Охрид. 

ЦЕФЕ МАКЕДОНИЈА ВО МЕДИУМИТЕ

Иновативност, МТВ МРТ, Охрид Њуз, ЕМУЦ Охрид, Публицитет.мк, Слободен печат, – Финансиска писменост 

– ЦЕФЕ Интернационал – 12 октомври светски ден на цефеисти 

– Блумберг Адрија – значењето на изготвување на добар бизнис план за раст на бизнисот 

– ЦЕФЕ Интернационал Панорама – ГЕТЈЕС 2 влијание во Уганда 

– ЦЕФЕ Интернационал Панорама – ГЕТЈЕС 2 влијание во Венецуела 

– ЦЕФЕ Интернационал Панорама – Влијание на ГЕТЈЕС 2 проект во одржливоста на претприемништвото 

– ЦЕФЕ Интернационал Панорама – Зголемување на финансиската писменост во Македонија 

– Билтен на Националната Агенција за Образование на Анкара. – стр 47. Зајакнување на практикантите со претприемачки вештини