ЦЕФЕ Македонија и УКЛО – Партнерство за иднина!

Сподели

Ja споделуваме успешната соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, со кој што имаме потпишано Меморандум за соработка. Овој значаен чекор отвора врати за заеднички активности и проекти, обезбедувајќи пристап до квалитетни обуки и иновативни едукативни методи за студентите на УКЛО.

На 12 декември 2024 година, студентите од Економскиот факултет – Прилеп имаа можност да учествуваат во едукативна сесија преку гејмификација лиценцирана од страна на ЦЕФЕ Македонија. Во рамките на предметот „Маркетинг менаџмент,“ под менторство на проф. д-р Снежана Обедниковска, студентите преку лиценцирана игра научија повеќе за улогите на клиентите, добавувачите, иновациите, конкуренцијата и финансиските аспекти на менаџирањето.

„Навистина беше прекрасно да се види како студентите со насмевки и ентузијазам ги совладуваа темите преку игра. Верувам дека ваквите иновативни методи треба да бидат дел од наставата во иднина,“ изјави проф. д-р Снежана Обедниковска.

ЦЕФЕ Македонија продолжува да создава можности за практично учење и развој, со цел заедно да ја градиме иднината на младите!