ЦЕФЕ Македонија го одржа своето годишно Собрание
За да постигнете големи работи и да успеете потребно е да се има квалитетен тим, но не било каков. Потребен е тим од членови кои имаат иста визија и цел и кои сакаат навистина да направат нешто вредно во она што го работат. Горди сме што во нашиот тим имаме членови кои ја делат нашата визија и на тој начин одиме напред.
На 21.01.2023 година, тимот на ЦЕФЕ Македонија го одржа своето годишно Собрание. На ова Собрание официјално се разговараше за неколку точки. Им кажавме добредојде на осум нови членови кои пристапија во ЦЕФЕ Македонија и со тоа здружението сега брои 15 челнови. За претседател на здружението е реизбран Јован Сталевски, за потпретседател на ЦЕФЕ Македонија е избран Благој Трајков и за секретар е Елена Гагачева. Разговаравме за програмата за работа за 2023 – 2027 и за нашите идни планови кои што сакаме да ги реализираме во периодот кој што ни следува.
Навистина сме горди што во последните неколку години успеавме да го прошириме нашиот тим и нашата база на ЦЕФЕ обучувачи низ цела Македонија. Во следните неколку месеци започнуваме да ги активираме ЦЕФЕ обучувачите, бидејќи во периодот од февруари и март 2023 ќе започнеме со обуките за Агро Бизис Игрите и Развој на бизнис идеја.
Линк за пријавување на обуки Агро Бизис Игри: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSdr2CSDMgX…/viewform…
Линк за пријавување на обуки за развој на бизнис идеја: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSeJD…/viewform