Уште еден успешен тренинг за ЦЕФЕ обучувачи во Турција

Обучувачи од ЦЕФЕ Македонија (Зоран Витанов и Јован Сталевски) реализираа четиринаесет дневен треннинг за идни ЦЕФЕ тренери во Кајзери, Турција. Обуката се одвиваше од  5ти до 18ти октомври 2015 во комфорен хотел во центарот на градот. Настанот беше дел од проектот „ТоТ и коучинг за идните амбасадори на претприемништвото“ кој е финансиран од Еразмус+  програмата на Европската Унија и координиран од LIFOS Youth Group од Кајзери.

Активно работејќи обучивме 22 идни претприемачи/обучувачи од 11 европски земји: Македонија, Италија, Романија, Холандија, Шпанија, Полска, Естонија, Грција, Турција, Бугарија и Словачка.

Важно е да споменеме дека претприемачката култура расте и ја промовираме не само во Македонија, туку и низ  цела Европа.  За еден претприемач, таа е неопходна да се негува и развива што беше и главната цел на тренингот во Кајзери.

Се фокусиравме на надградување на вештините и карактеристиките на начинот на размислување со поттикнување на креативноста, преземање на пресметан ризик, поттикнување на индивидуални иницијативи, осознавање на силните страни на секоја личност, поигрување со нив, им дадовме моќ на оние кои демонстрираа дека се подготвени за повеќе одговорности, им дадовме право на сопствени одлуки и ресурси. Исто така им овозможивме услови и можности за тренинг и едукација за да им помогнеме да се развијат. Следејќи ги однесувањата на учесниците како и резултатите од крајната евалуација на обуката, ние гордо можеме да кажеме дека резултатите се многу позитивни. Впрочем 95% од групата искажа потполно задоволство од обуката.

Учесниците се запознаа со турската култура, го истражуваа пазарот за иден бизнис во околината на Кајзери. Многумина од нив го „скршија мразот“ со тоа дозволувајќи си да го отворат умот за нови идеи,  да ги победат нивните стравови и ги надминат бариерите.

На крај од обуката учесниците беа мотивирани со нови идеи за идни проекти и соработки на Европско и светско ниво. Организациите кои што учествуваа ќе формираат партнерски конзорциум со кој заеднички ќе аплицираат за фондови за предвидените програми за јакнење и промовирање на претприемништвото низ Европа.

Еве што кажаа дел од учесниците:

На почетокот мислев дека ќе биде само уште еден обичен тренинг, но пристигнувањето во Кајзери, Турција и работењето на проекти цели четиринаесет дена го сменија мојот живот. Сите бариери, граиници, стравови ги оставив позади мене. ТоТ Цефе тренинг го смени мојот живот и моите гледишта кон мојата иднина, како отворање на мој бизнис. Им препорачувам на сите кои сакаат да станат претприемачи и да направат промени во светот, да присуствуваат на треинизи како ТоТ Цефе, затоа што јас сум доказ дека луѓето можат да се сменат.

 

(Моника Брзовска Петковска-Македонија)

 

DSC_0797

 

Обуката за обучувачи во Кајзери беше како качување планина. На почетокот немаш ништо освен торба полна соништа. Со секој поминат ден, искачуваш нов рид, откриваш нови работи за себе. Сретнуваш луѓе по патот, кои ти стануваат пријатели, ги споделуваш своите соништа со нив и тие те охрабруваат да ги исполниш.

Како што се приближуваш до врвот, ги надминуваш своите граници и го даваш најдоброто од себе да се искачиш, излегуваш од својата комфорт зона, им помогаш на новите пријатели со нивните тешкотии на патот и одеднаш на работите околу тебе гледаш на друг начин. Можеш да видиш како светот околу тебе се менува.

И конечно стигнуваш таму горе, на самиот врв. И баш таму, откриваш дека всушност пред тебе има сосема нов свет.

Најтопло препорачувам, одете на ЦЕФЕ тренинг и откријте нов свет за вас.

 

(Косара Перчинкова – Македонија)

 

DSC_0362

 

Пред неколку дена сфатив дека дури и некои од моите блиски пријатели, немаа поим што се случуваше во мојот живот во последниве месеци… На кратко, одлучив да не продолжам со мојата кариера како адвокат, барем не за сега. Имав голема среќа да ја имам  можноста да одам на интернационални тренинг курсеви. Таму се заљубив во искуственото учење, открив многу за себе и дадов голем дел од моето срце на многу неверојатни луѓе кои ги запознав.

Сега барам можности за започнување на бизнис. Имам неколку идеи и веќе почнав да работам на една од нив. Идеи, совети, соработки, предлози итн се многу добредојдени.

Ах, да во врска со моливот. Го скршив со показалецот. Добро, откако два или три пати не успеав и плачев заради тоа. Но сега, немам пречки!

 

(Мариа Касепалу- Естонија)

 

pencil