Учество на Конференција „Можности и перспективи за економско јакнење на жени”

Претседателот на ЦЕФЕ Македонија Јован Сталевски беше гостин спикер на конференцијата „Можности и перспективи за развој на женското претприемништво“ (24.03.2016), која беше организирана од женската иницијатива „Антико“ и Општина Битола во рамките на проект поддржан од Британска Амбасада.

Во неговото обраќање ги претстави состојбите и потребите за развој на претприемачкиот екосистем во Македонија. Ги повика присутните претставници од локалната и народната власт, претставниците од Британската Амбасада и од бизнис и граѓанскиот сектор да помислат подлабоко за добивките од поттикнување и раст на повеќе стартапи во државата, кои ултимативно би довеле до нови вработувања и раст на БДП.

Целта на Конференцијата беше да се презентираат резулатите од проектот, да се поттикне женското претприемаштво и економско јакнење на жените. Како говорници беа претставници на граѓанскиот сектор, национални и локални институции кои соработуваа со организацијата Антико.

Вест на ТВ Орбис: http://tvorbis.com.mk/?p=31402