Вести

Објавено на октомври 12th, 2021 | од admin

0

Успешно реализирана обука за обучувачи во Турција

На 29.09.2021 година заврши 14-дневната обука за Обучувачи по ЦЕФЕ методологија која се одржа во Сакарја, Турција и на која учествуваа обучувачи од Венецуела, Македонија, Турција, Бугарија, Филипини и Уганда. Во текот на обуката учесниците имаа можност детално да се запознаат со ЦЕФЕ методологијата, како и самите да организираат и симулираат вежби и алатки од истата.

Обуката беше во рамките на проектот GET YES 2 – “Global Exchange and Training for Youth Employment Services 2”, а како мастер обучувачи беа Јован Сталевски од Македонија, Juan Jose Moyà и Laura Gayoso од Венецуела. Во периодот што следи обучувачите ќе имплементираат локални обуки за млади во своите матични земји под менторство на мастер обучувачите. Задоволството од реализираната Обука за обучувачи беше на високо ниво, а истата заврши со свечена церемонија на која се доделија Сертификатите за учесниците.

Оваа обука има за цел да создаде компетентни обучувачи и лидери за претприемништво кои ќе користат ЦЕФЕ Методологија за обука и ќе помогнат во градењето на претприемнички општества низ целиот свет, што ќе им овозможи на младите луѓе да ги реализираат своите идеи и професионални планови.

Проектот GET YES2 е финансиран од Erasmus+ програмата и во него учествуваат 6 партнерски ограницазии, ЦЕФЕ Македонија, ADFEC (Филипини), DEM (Турција), Drucilla (Уганда), Cefe Venezuela, ITTI (Бугарија). 


За авторот



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top ↑