Уникатна можност да станете првите Е-ментори за потребите на Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС)

ЦЕФЕ Македонија објавува јавен повик за сите заинтересирани кои сакаат да ја отпочнат или надградат својата Европска кариера во областа на менторинг и онлјан учењето на млади.

Што се нуди? Учество во проект од Еразмус+ програмата: „EVS + SVE – Sustainable entrepreneurship Values through E-learning“ кој се состои од повеќе поврзани активности  и мобилности со цел да се идентификуваат и обучат 30 идни е-ментори  кои ќе креираат онлајн  платформа за учење препозната и акредитирана од САЛТО младинските (SALTO Youth Centers across Europe) центри низ Европа, како и националните агенции од програмата Еразмус + (Erasmus+ National Agencies).

Кој го имплементира?  11 партнерски организации кои се активни во волонтеризмот во 11 земји во ЕУ, Балкан, Медитеран, Источна Европа и Кавказ (имено: Бугарија, Романија, Украина, Грција, Шпанија, Франција, Тунис, Полска, Грузија и Македонија)

Кои се целите на проектот?

– Да се обучат првите 30 е- ментори  за волонтерите на Европскиот Волонтерски Сервис;

– Да се истражат потребите на волонтерите на ЕВС од обуки;

– Да се креира платформа за е-учење која ќе содржи обуки што ги опфаќаат 8те основни компетенции потребни за сертифицирање и евалуација на ЕВС волонтерите;

– Да се научат техничките детали за нејзино одржување и подобрување;

– Да се направат методи и алатки за акредитација и сертификација на онлајн  курсевите;

Учесници : младински работници, младински лидери, млади проектни менаџери, надзорници на ЕВС волонтери, екс волонтери, коорднинатори на младински проекти, социолози, психолози (Не постои возрасна граница на учесниците).

Зошто е ова потребно? Иднината е во е-учењето, персонилизираното учење, рапидниот раст на онлајн мрежата (до 2020 година ќе имаме 7 милијарди корисници на интернет – поврзани со вас!), како и поврзувањето и едукацијата на младите луѓе од Европскиот Волонтерски Сервис за креирање на поголемо општо добро.

Што треба да направите? Да се обучите и едуцирате …  за тоа ги креиравме следните мобилности на кои ќе учествувате:

– Тренинг курс кој ќе се одржи во Лефкада (09-20 Јуни 2015 година), во која по 3 учесници од партнерските организации ќе учествуваат. Ние заедно ќе треба да ги составиме сесиите за онлајн учење преку кои што ќе произлезат 8те основни “клучни компетиции” така што тренингот за волонтери во претприемачки однос ќе биде зголемен, особено во делот на социјалното претприемништво кое што во голема мера е поволно за подготовка за професионален живот.

– Тренинг  курс кој ќе се одржи во Романија (10-20 Август 2015), каде што истите учесници од претходниот тренинг ќе учествуваат, со цел да се изведат алатки за евалуација на онлајн сесиите  и да произлезат методи  и инструменти  за сертификација/идентификација на стекнатите компетиции од онлајн учењето.

– Тренинг курс кој ќе се одржи на Лефкада (08-15 Октомври 2015). Нашата цел е да овозможиме натамошно развивање на вашите вештини, да станете идни ментори на онлајн тренинзи за доброто на Eвропските волонтери, кои ќе превземат енергична и плодна улога во одржувањето на нашата платформа во добра состојба па дури и во наградба.

Трошоци : Патните трошоци за учесниците ќе бидат покриени во максимален износ од 275 евра по учесник, кои ќе бидат рефундири по самиот тренинг.

Трошоците за одбор, сместување и материјалите за тренинг се целосно покриени од организацијата.

Придонес во ЦЕФЕ Македонија: Онолку колку мислите дека вреди да инвестирате во оваа можност.

За учество во проектот, потребно е да се пријавите до 18ти мај 2015 на емаил volunteer@cefe.mk со пополнување на следната апликација. За дополнителни прашања и информации ве молиме контактирајте не на горенаведениот маил.