Регионален натпревар „Млади претприемачи“ во Битола

На 27-ми Февруари се одржа регионален натпревар за „Млади претприемачи“ во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола каде се натпреваруваа тимови на средношколци од неколку градови во регионот.

Организаторите на натпреварот поканија преставник од ЦЕФЕ Македонија да биде дел од Комисијата за оценка на бизнис решенија на учениците, која беше составена од претставници од Славјанскиот Универзитет и Техничкото Училиште. Задачата на тимовите беше да предложат решение за модел на стипендирање за Славјанскиот Универзитет кој би бил најинтересен и најпривлечен за идните студенти.

Вкупно се натпреваруваа 9 тимови кои презентираа интересни и креативни идеи, а на крајот за победниците имаше вредни награди. Напреварот се одржуваше во просториите на Техничкото Училиште.

1 (1)