На 18 август 2025, претставникот на ЦЕФЕ Македонија, Јован Сталевски, оствари работна средба со Марија Делетиќ – директорка на ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ во Скопје. На средбата се разговараше за можностите за соработка во рамки на проектот Beyond Digits, кој промовира финансиска писменост за лица со интелектуални и развојни попречености (DD/ID).
👩🏫 Програмите што ги развива проектот се наменети за: наставници, образовни асистенти, родители, едукатори и обучувачи кои работат со лица со попреченост.
ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ како регионален ресурсен центар со над 70 едукатори и повеќе од 400 образовни асистенти, претставува клучна институција што може да придонесе кон унапредување на финансиската едукација и за вработените и за учениците.
📍 Во септември, партнерите од проектот ќе го посетат училиштето за да ја зајакнат соработката.
📅 А веќе на 10 октомври 2025, ќе се одржи промотивен настан во Скопје каде сите заинтересирани наставници, едукатори и организации ќе имаат можност да се запознаат со алатките и материјалите од проектот.
🤝 Очекуваме заедничка работа и размена на искуства – со цел подобра финансиска иднина за сите!

