Времетраење: 24 месеци (07/10/2024-06/10/2026)
Буџет на проектот: 250 000 €
Програма за финансирање: Еразмус+ КА220-АДУ – Партнерства за соработка во образованието на возрасни
Национална агенција: EL01 –Фондација на Грчката државна стипендија (IKY)
Во проектот покрај Македонија вклучени се партнерски организации од Грција како носител на проектот, Малта, Белгија Австрија и Литванија преставувани од:
- Psychosocial Organisation – Greece (leading partner)
- ASSOCIATION OF CITIZENS CEFE MACEDONIA – N. Macedonia
- PRISMS – Malta
- EUROPEAN ASSOCIATION OF SERVICE PROVIDERS FOR PERSONS WITH DISABILITIES – Belgium
- THEOFANIS ALEXANDRIDIS KAI SIA EE – Greece
- KOMPETENZNET ZWERK INFORMATIONST ECHNOLOGIE ZUR FOERDERUNG DER INTEGRATION VON MENSCHEN MIT BEHINDERUNGEN (KI-I) – Austria
- JAUNUOLIŲ DIENOS CENTRAS – Lithuania
*Целите на проектот „BeyondDigits” се поставени според приоритетот „Вклучување и различност во сите области на образованието и обука” и вклучуваат
– Отстранување на бариерите за образование на возрасни.
– Подобрување на финансиската писменост за лицата со развојна/интелектуална попреченост (ДД/ИД).
– Збогатување на DD/ID образовната заедница со квалитетни, ефективни и пристап до бесплатни алатки.
– едукација на темата за професионалци кои работат со луѓе со DD/ID со фокус на интегрирање на дигитални алатки во нивната пракса.
* За постигнување на овие цели предвидено е да се спроведат следните активности:
– Потребно е да се идентификуваат и истражи познавањето на темата финансиска писменост кај возрасни со DD/ID, да се создадат соодветни алатки за обука, како и дигитални вештини на професионалци.
– Ко-дизајнирање и развој на прилагодени дигитални и недигитални материјали за обука.
– Учење на наставни активности за обука и пилотирање за лица со DD/ID, како и за нивните обучувачи и едукатори.
– Проценка, дисеминација и имплементација на активностите
Очекувани резултати:
– да се направи пакет на соодветни алатки за обука за финансиската писменост прилагодена за лица со DD/ID, во кој ќе биде вклучен дигитален и недигитален материјал.
– Обука на лица со ДД/ИД за финансиска писменост.
– Обука на професионалци кои работат со лица со DD/ID за користење на овие алатки како дел од нивната клиничка пракса.
– Дигитализирани онлајн модули и онлајн платформа со отворен пристап која ќе го обезбеди целиот материјал бесплатно.
– Подигнување на свеста за темата и споделување на резултатите.



