Проект Beyond Digits – Финансиска едукација за лица со попреченост

Сподели

Проектот Beyond Digits, започнат во октомври 2024 година, има за цел да ја унапреди финансиската писменост кај возрасни лица со попреченост, овозможувајќи им поголема независност, благосостојба и социјална инклузија. Во тек е првата четвртина од неговата реализација, а досегашната работа веќе покажува значајни резултати.

🔍 Во јануари 2025, партнерите спроведоа истражување за финансиските потреби, празнини во знаењата и предизвиците со кои се соочуваат возрасни невродивергентни лица, како и професионалците кои работат со нив. Истражувањето опфати 19 лица со интелектуални и развојни попречености (на возраст од 18 до 50 години) и 15 едукатори и стручњаци.

Наодите укажуваат дека:

  • 80% од испитаниците не ги управуваат своите лични приходи,
  • Најголем дел се потпираат на старатели за донесување финансиски одлуки,
  • Буџетирањето и разбирањето на трошоци се меѓу најголемите предизвици.

👥 Од друга страна, професионалците се соочуваат со недостиг на време, ресурси и соодветна обука. Предложените решенија вклучуваат развој на структурирани програми, соработка со семејствата и изработка на визуелни и интерактивни едукативни материјали.

📲 Beyond Digits ќе развие сеопфатен Прирачник и Обука, вклучувајќи:

  • Мобилна апликација,
  • Едукативна дигитална игра,
  • Прилагодени недигитални материјали,
  • Водич за професионалци и едукатори.

Во моментов е во тек изработката на курикулумот за обука и пратечките тренинг материјали, кои ги изготвуваат ЦЕФЕ Македонија заедно со партнерите од Малта. Завршницата на овие резултати се очекува во јули 2025.

Во септември 2025, ЦЕФЕ Македонија ќе биде домаќин на експертски состанок во рамки на проектот, каде ќе се мониторира досегашната работа и ќе се планираат следните активности за 2026 година.

Исто така, во ноември 2025 ќе организираме јавен настан за промоција на резултатите и информирање за можностите за вклучување во проектот. Ги покануваме:

  • Едукатори и ментори
  • Претставници од социјални центри и инклузивни училишта
  • Членови на семејства на лица со попреченост
  • И сите лица со попреченост заинтересирани за зголемување на нивната финансиска писменост и независност

📩 За повеќе информации, следете нè на нашите комуникациски канали или контактирајте не на info@cefe.mk.➡️ За повеќе информации за Beyond Digits, кликнете тука https://www.beyonddigits.eu/