Продажбата е најскапо платена професија во светот!

Дека вработените во секторот на продажба се најскапо платените, го докажува резултатот. Кога успешно ги продаваме нашите производи тоа носи живот во сите компании. Не за џабе се вели дека додека не продадеме ние немаме бизнис!
Дека продажбата ги решава сите проблеми, беа доказ и многуте пактични вежби кои што учесниците ги искусија за време на обуката за Продажни вештини и техники која се одржа на 13 јули 2017 година во центарот за обуки на ЦЕФЕ Македонија во Скопје.
Учеството на 22ца менаџери, продавачи, претприемачи и студенти од придонесе за успешно остварување на целите на оваа обука и за размена на искуства и развој на бројни дискусии и дилеми околу начините и техниките на продажбата, поттребите на клиентите, различните стратегии и лични успеси и неуспеси околу продажниот процес. Интересно е тоа што преку реални студии на случај од присутните компании, се влечеа заклулчоци за следниве теми:
• Што е продавањето,
• Кои елементи водат до продажба,
• Карактеристики на успешен продавач,
• Дали грижата за корисниците е битна,
• Комуникација при продажба,
• Дали е добро или не да се соработува со конкуренцијата,
• Стратегии на продажба

Обучувачот, Зоран Витанов, комплетно ја употреби ЦЕФЕ методологијата за на најпрактичен начин да ги зајакне вештините на учесниците за продажба.

Погледнете ги возбудливите моменти од обуката во албумот на нашата Фејсбук страна
Благодариме на Телевизија 24 што медиумски го покри настанот. Повелете разговорот со претседателот на нашата организација Јован Сталевски
Благодарност до ТВ Сител за прилогот кој го сними со ЦЕФЕ обучувачот Зоран Витанов, за состојбите и потребите на продажбата како професија.