Претприемништвото се учи од најрана возраст

Сподели

Изминатите три викенди, во просториите на ООУ „Јан Амос Коменски“ – Карпош, Скопје се одржаа работилници за бизнис и претприемачки вештини во рамки на иницијативата за Интензивни бизнис вештини што ја спроведува CEFE Macedonia – ЦЕФЕ Македонија.

Учениците од ООУ „Јан Амос Коменски“ – Скопје, имаа уникатна можност да ги истражат основите на претприемништвото преку интерактивни искуствени вежби, кои им помогнаа не само да научат нови вештини, туку и да развијат самодоверба и креативност.

Главниот акцент на работилниците беше искуственото учење – процес во кој учениците активно учествуваат, експериментираат и ги применуваат своите идеи. Задоволството на учесниците беше на високо ниво, што докажува дека децата учат најдобро преку практични активности.

Работилниците ги водеше наставникот ментор и интернационален ЦЕФЕ обучувач Александра Блажевска, која со својата стручност создаде инспиративна и продуктивна атмосфера.

ЦЕФЕ Македонија останува посветена на интеграција на претприемачките вештини од најрана возраст, помагајќи им на младите да ги подготват своите идеи за иднината.