Прв јавен настан од проектот Beyond Digits: Финансиска едукација за сите!

Сподели

Во петок, на 4 април 2025 година, се одржа првиот мултипликативен настан во рамки на проектот Beyond Digits, кофинансиран од програмата Erasmus+. Настанот беше организиран од партнерите Ploes и Omega Technology во Грција, и беше наменет за професионалци, засегнати страни и членови на локалната заедница кои работат со ранливи категории на граѓани.

📚 Мисијата на проектот е да обезбеди инклузивна, достапна и ефективна финансиска едукација за сите, особено за возрасни лица со попреченост. На настанот беа претставени резултатите од спроведеното истражување, кое опфати:

  • Нивоата на финансиска писменост кај невродивергентни лица,
  • Предизвиците со кои се соочуваат нивните едукатори и поддржувачи,
  • Ограничениот пристап до ресурси, алатки и обуки наменети за оваа целна група.

🔍 Наодите потврдија дека:

  • Лицата со попреченост имаат значително пониско ниво на финансиска писменост во однос на нивните реални капацитети
  • Недостигаат едукативни материјали прилагодени на различните стилови на учење,
  • Професионалците немаат доволно обуки и алатки за спроведување на соодветна обука.

💬 Како што истакна Константина Кирими:

„Невродивергентните лица можат и треба да се обучуваат во финансиска писменост – тоа значи повеќе автономија, подобра инклузија, поквалитетен живот и олеснување за нивните семејства. За ова е потребен систем на поддршка кој ги вклучува самите корисници, нивните семејства и едукаторите. Време е да ги разбиеме стигмите и предрасудите.“

Настанот заврши со отворена дискусија во која учесниците ги споделија своите искуства и размислувања, потврдувајќи ја важноста од понатамошна соработка помеѓу професионалците, семејствата и заедницата.

Следниот чекор на проектот е развој на практични и достапни едукативни материјали – дигитални и недигитални – кои ќе одговорат на утврдените празнини. ЦЕФЕ Македонија продолжува со својата активна улога во подготовка на обука и алатки што ќе ја направат финансиската едукација достапна за секого!