Вести

Објавено на мај 16th, 2021 | од admin

0

Повици за соработка во рамките на проектот GET YES 2

Во рамките на проектот GET YES 2 – Global Exchange and Training for Youth Employment Services, имаме два отворени повици за соработка со експерти или пак организации.

ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТИ ДА СОЗДАДАТ ПРОГРАМИ ЗА ОБУКА

Повик за експерти да создадат програми за обука што ќе го подобрат начинот на размислување за вработување и претприемништво кај младите во светот. Проверете ги условите и препораките WP3.1.

Пријавете се најдоцна до 20 мај 2021 година.

За да се пријавите, испратете меил на info@cefe.mk со назнака за повикот за кој што аплицирате.

ПОВИК ЗА ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ ДА СОЗДАДАТ ИКТ АЛАТКИ

Повик за давателите на услуги да создадат ИКТ алатки за системот за управување со учење. Проверете ги условите и препораките за употреба WP3.2-3.

Пријавете се најдоцна до 20 мај 2021 година.

За да се пријавите, испратете меил на info@cefe.mk со назнака за повикот за кој што аплицирате.

ЗА ПРОЕКТОТ

Главната мотивација зад овој проект е да се поттикне соработката, размената и надградбата на добрите практики меѓу земјите од проектот со конечна визија – нови квалитетни работни места преку создавање на начин на размислување и култура на претприемништво меѓу економските чинители во општествата.

Овој проект е партнерство помеѓу 6 партнери од 6 земји ширум свет: Венецуела, Турција, Филипини, Бугарија, Уганда и Македонија. Тоа е 24-месечен проект за градење на можности во областа на младите.

Проектот е ко-финансиран од Еразмус + програмата од Европската комисија.

 


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑