Повик за учество на онлајн обука за планирање проекти и пишување проектна апликација

Обука

1 Јуни – 12 Јуни 2020 

Во рамки на проектот „Креирање на регионални центри за претприемништво во Источна Македонија“, ЦЕФЕ Македонија организира онлајн обука за планирање проекти и пишување проектна апликација. Обуката е произведена и реализирана од страна на обучувачката Сунчица Саздовска од ГРЦ – Граѓански Ресурсен Центар, а фасилитатор на сесиите организирани од ЦЕФЕ Македонија ќе биде Јован Сталевски, автор и ко-креатор на многубројни национални и интернационални проекти.

Обуката е дизајнирана да научите како да ја развиете вашата идеја во проектна апликација. Постапно ќе поминете низ сите точки на една вообичаена апликација за добивање грант, и ќе бидете поттикнати аналитички да пристапувате на повиците. Ќе ги разберете подобро критериумите за оценка и ќе утврдите на што да посветите повеќе внимание при пишување на апликацијата. Стекнатото знаење од обуката можете да го примените веднаш по нејзиното завршување и да конкурирате на првиот следен отворен повик.

Што ќе научиш преку онлајн обуката?

  • Да составиш успешна проектна апликација за добивање грант
  • Да ја развиеш проектната идеја
  • Да го употребиш пристапот на логичка рамка
  • Да планираш индикатори за проверка на успехот на проектот

Покрај ова во обуката ќе бидат вклучени и следниве сесии:

  • Дискусии и споделување на практични примери после секој модул
  • Практична примена на пишување на проект на тема економски развој, со активно учество на новите ЦЕФЕ центри.
  • Поврзување на знаењето со Еразмус плус програмата, конкретно клучните акции КА 1 и КА 3.

За кого е наменета оваа обука?

Обуката е наменета за претставници и соработници на ЦЕФЕ центрите во Македонија.

Потребни предзнаења

За учество во оваа обука не се потребни предзнаења

Работен јазик : Македонски

Времетраење и методологија на обуката:

Обуката ќе се реализира во 6 делови (модули), при што секој модул ќе трае по 3 часа. На секој модул ќе се обработува по едно видео предавање од обучувачката Сунчица Саздовска. По завршувањето на секое видео, следи фасилитација на знаењата, квизови, работа на сопствени идеи и примери од практика. Вкупното времетраење на целата обука е 18 часа, распоредени во 6 дена.

Секој учесник ќе добие материјали и примери за работа произведени од ГРЦ и ЦЕФЕ Македонија. Обуката ќе биде сертифицирана од страна на ЦЕФЕ Македонија.

Пријавување и потврда на учество

За да аплицирате на обуката ве молам пополнете ја онлајн апликацијата на следниот линк.

Краен рок за аплицирање: 31.05.2020

Организатор: ЦЕФЕ Македонија (www.cefe.mk)

Информации за обуката:

Благој Трајков

Тел: +389 71 324 959

E-Mail:  blagoj.t@cefe.mk

Јован Сталевски

Тел:+389  78 437 267

E-Mail: j.stalevski@cefe.mk