Вести

Објавено на февруари 14th, 2023 | од admin

0

Повик за учество на обуки за развој на бизнис идеја

ЦЕФЕ Македонија во рамки на проектот Рекономи, поддржан од страна на Импакт Фондација,  ве поканува на уникатни обуки за претприемништво и развој на бизнис идеја.

Главната цел на овие обуки е да ве обучи и да ви даде знаења и вештини за бизнис селекција и презентација на бизнис идеја,  како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис.

За кого е оваа обука? За сите потенцијални и постоечки фриленсери (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои имаат идеја да започнат сопствен бизнис, едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, невработени. Најважно – на обуките ќе им се даде предност за учество на лица со помалку можности!

На обуката по претприемништво, ќе се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на бизнис идеи и презентирање на истите.

Обуките ќе се одржуваат по светски познатата ЦЕФЕ методологија, која што веќе 30 години покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции. Оваа метода содржи вежби кои се интерактивни и практични, како и симулации на реални ситуации кои ги ставаат учесниците во чевлите на еден претприемач или тим и даваат дополнителна вредност на целокупното стекнато знаење.

Теми кои ќе се разработат на обуката се:

  • Лични претприемачки карактеристики
  • Генерирање и селекција на идеи
  • Барање и презентација на бизнис идеи

После оваа обука вие ќе бидете способни да:

  • Го препознаете својот претприемачки капацитет;
  • Воспоставите мрежа на бизнис контакти;
  • Ги разберете клучните структури и принципи на претприемачкото планирање;

Производи кои ќе ги понесете од оваа обука се:

  • Рафинирана бизнис идеја која одговара на личноста
  • Разработена бизнис идеја

Обуката е дизајнирана да се реализира во еден или два дена со вкупно траење од 8 час. Целите ќе се постигнат во неколку сесии составени од практични и интерактивни вежби, дискусии, фидбек сесии, работа во мали групи и минимум теоретско предавање.

Кој ќе не обучува?  Обуките ќе ги водат ЦЕФЕ обучувачи и ментори за претприемништво кои ја користат ЦЕФЕ методологијата . 

КОГА ќе се одржува?  

Сесиите ќе траат 4 часа дневно доколку обуката трае два дена, или вкупно 8 часа доколку трае еден ден. Дополнително ќе биде утврден  временскиот распоред. Сесиите ќе се одвиваат во пладневните часови. 

КАДЕ? Работилниците ќе се реализираат во Струга, Битола, Штип, Струмица и Свети Николе. 

  • Битола – Градска Библиотека (04.03 од 11.00 -19.00 часот)
  • Струга – Х. Солферино (25-26.02.2023, од 11:30 до 15:30 часот)
  • Штип – МладиХаб (Дом на култура) ( 10.03.2023 од 16.00-20.00 и 11.03.2023 од 10.30-14.30)
  • Струмица – Europe House (18.02.2023 – сабота, од 09 до 17 часот)
  • Свети Николе – Градска Библиотека (11.03.2023, од 10 до 18 часот)

ВАЖНО: Местата се ограничени на 20 учесници по обука, или вкупно 100 учесници. Приоритет ќе се дава на учесници со помалку можности (млади невработени лица, студенти, лица кои потекнуваат од рурална средина, млади лица со ниски примања, лица кои се соочуваат со социјална дискриминација, лица со физички или ментални бариери итн)

Што добивам дополнително?

  • Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и потпишан од обучувачите;
  • Материјали во печатена и електронска форма;
  • Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка;
  • Освежување, кафе и закуски за време на обуката;

Што треба да инвестирам за себе? Време, посветеност, активно учество

Како да се пријавам? Пријавете се со пополнување на електронската пријава

Контактите на организаторот на настанот од ЦЕФЕ Македонија: Благој Трајков 071/324-959,  blagoj.t@cefe.mk  ;  

* – Во случај на поголем број пријавени кандидати ЦЕФЕ Македонија го применува принципот „first come – first served“ (во случајот: прв пријавен – прв услужен).

Нецелосните пријави ќе се разгледуваат последни. Организаторите го задржуваат правото на промени на датумите или локацијата со најава на учесниците. Организаторите го задржуваат правото на комбинирање на групите заради хомогеност или хетерогеност, во зависнот од целите на обуките.

Погледнете дел од атмосферата на претходни ЦЕФЕ обуки:

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=CEFEMacedonia&set=a.3451847588194597

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=CEFEMacedonia&set=a.3475862765793079

https://www.youtube.com/watch?v=k6jbQzoydsk

Еве што кажаа дел од учесниците од претходни обуки:


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑