Повик за учесници од Македонија за Еразмус+ проектот „Self-directed learning competencies for NEET-youth“

Ги покануваме мадите од 18 до 30 години, кои не се вработени и не се во процес на образование, да земат учество на интернационалниот камп за млади, наречен SDL4NEET (себе  насочено учење). Интернационалниот настан ќе се одржи во периодот од 25 ноември до 10 декември 2023г. во Хотел Дрим – Струга.

На кампот ќе учествуваат вкупно 40 учесници од 4 земји: Естонија, Малта, Турција и Македонија. Во нив ќе има по 8 млади од секоја земја, 1 младински работник-ментор и 1 истражувач кои работат на темата себе насочено учење. Ова е можност да се дружите со ваши врсници и исомисленици, но и да имате продлабочен разговор можеби со некој кој може да ви помогне за развој на вашата кариера или животна цел.

Овој интернационал камп има за цел:

  • да ги развие способностите на учесниците за планирање и поставување лични цели, нивна реализација и личен развој, 
  • унапредување на нивното активно учество во заедницата. 
  • учесниците да работат заедно, да се забавуваат, да се соочат со предизвик и откривање на нови перспективи, уметност, спорт, традиција.

На почетокот од нашата соработка, како и на крај од оваа едукативна и животна авантура, пополнувате прашалник кој ќе биде анонимен и ќе биде искористен во истражувачки цели на проектот. 

Познавање на Англиски јазик се препорачува. Не е задолжително да знаеш перфектно, важно да не ти е срам да се разбереш со оние околу тебе.

Патните трошоци од местото на живеење до Струга ќе бидат рефундирани/подмирени од страна на организаторот во износ на автобуска карта.

Сместувањето ќе биде во Хотел Дрим во Струга. Учесниците ќе имаат можност да делат соба со свои врсници од сопствената или друга земја во супериор двокреветни соби. Планирани се три балансирани оброци на ден, користење на спа центар (базен, џакузи и сауна), интернет како и спортските терени на хотелот.

Предвидени се екскурзии како и крстарење по Охридското езеро и запознавање на регионот со културата, историјата и традицијата.

Со вас треба да понесете ентузијазам , желба за дружење и промена, за другото ќе се погрижи тимот на ментори кој ќе работи со вас.

Напомена: Постојат две можности да бидете вклучени во овој проект. 

  1. Првата е да се пријавите на кампот и да работите со ментор на остварување на своите цели. За оваа опција имаме 8 места за учесници.
  2. а втората  доколку сметате дека временскиот период од 14 дена е голема инвестиција за вас, може да се пријавите и да бидете индиректни учесници во програмата и да работите на своите цели самостојно. За оваа опција имаме 12 отворени места.

Пријавете се до 15 ноември 2023 со пополнување на онлајн формата и ќе ве исконтактираме. Можеби ти се следната добра приказна. 

Контакт за прашања и информации:

Валентина Тодороска –  t.valentina23@gmail.com 075/451926

Проектна координаторка на проектот „Self-directed learning competencies for NEET-youth“