Повик за учесници на обуки: Како да водам агро-бизнис?
ЦЕФЕ Македонија, во соработка со своите партнери од Здружението на Агроекономисти на Македонија (ЗАЕМ), организира обука за финансиска писменост за водење на агро бизнис, наречени Фармерс Бизнис Гејмс. Обуката е структуирана според методологија на искуствено учење, односно предвидена е да се одвива преку игри и симулации, кои ќе бидат интерактивни, како и натпреварувачки и предизвикувачки.
Фармерс Бизнис Гејмс е високо интерактивен тренинг за сопственици на мали фарми, потенцијални земјоделци и претприемачи од областа на земјоделието кои имаат за цел да ги подобрат своите вештини за успешно и оддржливо менаџирање на својата фарма. Добредојдени се сите млади, жени и фармери.
Зошто? Кои придобивки ќе ги имате од обуката?
- Да се стекнете со знаење за процесот на избор на земјоделски култури и домашни животни и за различните системи во процесот на одгледување;
- Да се стекнете со разбирање на менаџирање на односите помеѓу продавачите и купувачите;
- Да дефинирате, раководите и анализирате финансиски документи со цел зголемување на заработката, и на тој начин да обезбедите идни финансиски можности;
- Да направите разумни планирања на трошоци и инвестиции;
- Да научите за предностите на долгорочното планирање на бизнисот;
- Да бидете свесни за можностите за справување со ризиците поврзани со бербата, несигурности и сезонските непогоди;
- Да ги разберете можностите за справување со ризиците преку штедење, осигурување и позајмици;
Дополнителни добивки:
- Сертификат за присуство (се издава со присуство од најмалку 80% активно учество);
- Соработка и вмрежување со други учесници и потенцијални нови пријатели;
-> Кој? За кого е наменета оваа обука? Концептот на водење на бизнис веројатно веќе им звучи познато, но и страшно, на многу луѓе. Затоа оваа работилница е за сите сегашни и потецијални земјоделци, средношколци и студенти кои планираат да се занимаваат со производство на храна и сите земјоделски претприемачи кои сакаат да искусат колку е лесно или тешко да се води еден мал семеен агробизнис. Студенти, вработени, невработени, претприемачи од 16 години до 70 години. Единственото нешто што ви треба е: мотивација за учество; (запомнете дека нашата единствена цел на оваа планета е да учиме), десктоп или лаптоп компјутер со инсталирана апликација ZOOM; и интернет конекција.
Кои ќе бидат вашите обучувачи/фасилитатори? Обучувачи кои инвестирале во 10-дневна обука за тренери со германскиот Sparkassenstiftung и нивните мастер обучувачи. Луѓе кои се подготвени да придонесат за економскиот развој на Македонија, а се професионалци во своите области: консултанти, обучувачи, професори, менаџери, координатори, наставници.
Имињата на фасилитаторите: Валентина Тодороска, Благој Трајков, Марија Чукниева Недевска од ЦЕФЕ Македонија; Ана Симоновска и Ивана Јанеска Стаменковска од Зружението на Агро Економисти на Македонија (ЗАЕМ) и Факултет за Земјоделски науки Скопје.
-> Кога? Февруари – Март 2023,
Обука 1) – на 09,10,11 Февруари, од 16:30 до 20:30 часот (ЦЕФЕ обчувачи)
Обука 2) – на 15,16,17 Февруари од 16:30 до 20:30 часот (ЗАЕМ обучувачи)
Обука 3) – на 20,21,22 Февруари од 16:30 до 20:30 часот (ЦЕФЕ обучувачи)
Обука 4) – на 27,28 Февруари и 01 Март од 16:30 до 20:30 часот (ЦЕФЕ обучувачи) во соработка со Американско Катче – Штип
Обука 5) – на 13,14 и 15 март 2023 од 16:30 до 20:30 (ЗАЕМ обучувачи)
-> Каде? Обуките ќе се одвиваат онлајн преку платформата ЗООМ, на македонски јазик.
-> Колку? Програмата се состои од 15 часа или 4 фази – преку пристапот на учење базиран на искуство: Направи; – Рефлектирај; – Аплицирај; и -Имплементирај.
-> Како да се пријавите и да учествувате?
Погледнете ги предложените датуми и видете во вашиот календар кога сте слободни. Потоа, пополнете го формуларот за пријава на следниот линк, https://forms.gle/VA5EWf57PMoe2jhx6
и изберете за која од предложените датуми се пријавувате. Откако ќе се пријавите, ќе добиете известување од нас дали и за кој датум сте примени на обука. За секоја обука ќе избереме најмногу 15 учесници.
Контакти за информации:
Благој Трајков / Телефон: +389 71 324 959 blagoj.t@cefe.mk
Јован Сталевски / Телефон: +389 78 437 267 info@cefe.mk
Треба да знаете дека изборот се врши по принципот прв дојден – прв услужен. Што значи, не се двоумете премногу за регистрација. Само проверете ја вашата достапност на датумите за работилниците и инвестирајте 3 минути и пополнете го формуларот за пријава.
Организатори: Оваа програма е испорачана во Македонија како партнерство на: Асоцијација на агроекономисти на Македонија и ЦЕФЕ Македонија. Со поддршка од тимот на германскиот Sparkassenstiftung во Албанија и С. Македонија.
Sparkassenstiftung für internationale Kooperation E.V. е заеднички ентитет на Финансиската групација на штедилниците во Германија.
Од своето основање во 1992 година, Sparkassenstiftung ги поддржува финансиските институции во земјите во развој, новите и земјите во трансформација, кои го промовираат економскиот и социјалниот развој во нивните земји нудејќи финансиски услуги ориентирани кон потребите. Sparkassenstiftung ја следи целта да го подобри професионализмот на своите партнерски институции, овозможувајќи им на своите клиенти постојан пристап до финансиски производи. Германскиот Шпаркасен повеќе од 200 години дава доказ дека е можно одржливо и успешно микрофинансирање, но за тоа е потребна ефикасна организација и високо ниво на професионализам.
Sparkassenstiftung ги пренесува овие основни фактори на успех на своите партнери во проектот. Денес, Sparkassenstiftung е една од најголемите приватни институции за развојна политика во Германија.