Повик за учесници на обука за обучувачи

ЦЕФЕ Македонија, во рамки на проектот „Финансиска писменост за млади претприемачи -FinYes, организира обука за обучувачи (Training of Trainers) за финансиска писменост за водење на мал бизнис. Обуката е структуирана според методологија на искуствено учење, односно предвидена е да се одвива преку игри и симулации, кои ќе бидат интерактивни и симулативни, како и натпреварувачки и предизвикувачки.

Оваа обука претставува  високо интерактивен тренинг за микро-претпиремачи и за луѓе кои сакаат да научат како во пракса успехот и истрајноста на старт-ап компаниите и малите бизниси може да бидат подобрени.

Зошто? Кои придобивки ќе ги имате од обуката?

  • Зголемување на знаењето и вештини за финансиите и претпримништвото при започнување на микро бизнис;
  • Способност да се препознаат нови бизнис можности;
  • Справување со неизвесни и непредвидливи настани и ризици, како и планирање на инвестиции;
  • Сертификат за присуство (се издава со присуство од најмалку 80% активно учество);
  • Соработка и вмрежување со други учесници и потенцијални нови пријатели;

Кој? За кого е наменета оваа обука? Концептот на водење на бизнис веројатно веќе им звучи познато, но и страшно, на многу луѓе. Затоа оваа работилница е за сите заинтересирани кои сакаат да искусат колку е лесно или тешко да се води еден мал бизнис. Професори во средни училишта и на факултети, младински работници, обучувачи, едукатори во формално и неформално образование, фасилитатори, сите се добредојдени да аплицираат.

Кои ќе бидат вашите обучувачи/фасилитатори? Обучувачи кои инвестирале во 10-дневна обука за тренери со германскиот Sparkassenstiftung и нивните матер обучувачи. Луѓе кои се подготвени да придонесат за економскиот развој на Македонија, а се професионалци во своите области: консултанти, обучувачи, професори, менаџери, координатори, наставници. 

Имињата на фасилитаторите и менторите: 

Јован Сталевски ( Интернационален Мастер ЦЕФЕ обучувач)

Елена Гагачева (Интернационален ЦЕФЕ обучувач)

Валентина Тодороска (Интернационален ЦЕФЕ обучувач)

Кога?

30.11.2023 – 03.12.2023 

Каде?  Локацијата ќе биде дополнително потврдена.

Колку и како? Програмата се состои од 30 часа или 4 фази – Општата цел на програмата е да се доживее како ефективно да се управува со микро бизнис, користејќи пристап заснован на искуство.Процесот на учење се карактеризира со четири фази:

Учесниците се поделени во групи, секоја група го презема раководството на бизнисот, донесува менаџерски одлуки и добива увид во внатрешните и надворешните фактори кои влијаат на перформансите на нивниот бизнис (Акција).

Учесниците добиваат повратни информации и го рефлектираат нивниот напредок во рамките на симулацијата, како и нивните сопствени акции (Рефлексија).

Своите новостекнати знаења учесниците ги применуваат во текот на обуката (Апликација).

Во трансфер сесиите, симулацијата ги поттикнува учесниците да ги имплементираат своите новостекнати вештини во нивната деловна практика (Имплементација).

Обуката ќе се води на македонски јазик

Трошоци – Сместување, храна, патни трошоци во висина на повратен автобуски билет и материјалите кои ќе ги користат учесниците на обуката ќе бидат покриени од страна на организаторот.

Како да се пријавите и да учествувате?

За да се пријавите на обуката потребно е да го пополните следниов линк.

Краен рок за пријава: 20.11.2023

За резултатите од селекцијата на кандидатите ќе бидете информирани најдоцна до 23.11.2023

За учество на Обуката за Обучувачи ќе бидат избрани вкупно 20 пријавени.

Важно* – Учесниците на обуката за обучувачи е потребно да знаат дека за стекнување на Сертификат за обучувач за финансиска писменост е потребно да ги реализираат следниве работи по завршување на обуката:

  • Дисеминација на обуката за 15-20 учесници (млади на возраст од 15-25 години) во тим од 2 или 3 фасилитатори. Во период од декември, 2023 до февруари, 2024 година
  • Да пријават учесници за натпревар за финансиска писменост кој е планиран да се реализира во месец април 2024 година.
  • Да ги менторираат учесниците кои ќе учествуваат на натпреварот за финансискат писменост.
  • Да земат учество на завршниот настан на проектот.
  • Да кажат некој убав збор за проектот доколку се задоволни и исполнети од активностите

Контакти за информации:

Благој Трајков / Телефон: +389 71 324 959 

Валентина Тодороска / Телефон: + 389 75 451 926

Е-пошта: info@cefe.mk

Организатори: Оваа програма е испорачана во Македонија од страна на ЦЕФЕ Македонија со поддршка од тимот на германскиот Sparkassenstiftung во Албанија и С. Македонија. Обуката за обучувачи е дел од проектот „Финансиска писменост за млади обучувачи – FinYes“ поддржан и ко-финансиран од страна на Американската амбасада во Скопје

За проектот

FinYes (Финансиска писменост за млади претприемачи) има за цел да ги опреми едукаторите и младите поединци во Северна Македонија со основни финансиски вештини и знаења. Во услови на висока инфлација, несигурност на цените и геополитички хаос, ефективно финансиско планирање и управување со ресурсите станаа клучни во денешниот свет кој брзо се менува. Општата визија на проектот е да им овозможи на младите од провинциските области на Македонија да планираат и да работат на нивната финансиска независност.

Главна цел на проектот

Главната цел на овој проект е да обезбеди сеопфатна програма за обука за финансиска писменост на едукаторите, оспособувајќи ги со потребните знаења и вештини за ефективно да ги обучуваат своите млади учесници, со посебен акцент на младите девојки.

ЦЕФЕ Македонија, е официјален провајдер на обуката за финансиска писменост дизајнирана од страна на групацијата Sparkassenstiftung.

Во текот на 2022 година беа обучени 10 тренери од ЦЕФЕ Македонија за испорака на производи за бизнис игри за финансиска писменост (Заштеда на игри, микро бизнис игра и бизнис игра на фармери). Обуките се дизајнирани да имаат влијание врз пошироката публика, со фокус на младите, жените и земјоделците. Резултатот од оваа соработка беше соработката со Народната банка на Република Северна Македонија, за да стане еден од официјалните даватели на обука за финансиска писменост и да придонесе за националната стратегија за зголемена финансиска едукација на македонското население.