Повик за учесници за обука ,,Клучеви за вработување – развој на меки вештини за зајакнување на младите” во Ерменија

Предложениот курс е дизајниран со цел да се соберат младинските работници и лидери и да им се обезбеди можност да истражуваат и да доживеат нови методи за развој на  вештини кои може да се користат при работа со младите во нивните локални заедници.

Тие ќе имаат можност да поминат низ интензивна обука при што ќе  тестираат неколку практично алатки кои имаат за цел потикнување на различни вештини и способности како што се тимска работа , лидерство, ефективно учење  и слично. Покрај тоа учесниците ќе имаат можност да создадат и тестираат некои нови методи кои може да се користат во нивната секојдневна работа..

Во вториот дел на обуката учесниците ќе присуствуваат на сесии со цел да научат како да им помогнат на младите луѓе да најдат алтернативни форми на вработување и користење и промовирање на концептот на меѓународна мобилност на младите .

Профил на учесници

  • Младински работници и лидери заинтересирани за истражување на нови начини за борба против невработеноста меѓу младите
  • Да имаат претходно искуство во областа на обуката и да бидат подготвени да ги споделат своите знаења и методи со другите учесници
  • Заинтересирани за понатамошна соработка со слични организации од другите европски земји
  • Да бидат спремни за течна комуникација на Англиски јазик

Место и временска рамка на одржување на обуката е градот Агверан во Ерменија од 07 – 16ти Септември.

Трошоци : Патните трошоци ќе бидат рефундирани во износ до 275 евра по учесник.

Доколку сте заинтересирани за учество на оваа обука ве молиме пополнете ја електронската пријава.

За дополнителни информации и контакт ве молиме пишете на kasia.icirld@gmail.com или на volunteer@cefe.mk