Повик за експерти за истражување за проект на ЦЕФЕ Македонија

ЦЕФЕ Македонија во рамките на проектот „Дијалог помеѓу младите и креаторите на политики“  (линк) има за задача да изготви студија на конкретната тема. За таа цел има потреба од еден истражувач кој ќе изготви истражување и ќе ги анализира резултатите од истото.

Истражувањето треба да се спроведе на две целни групи и тоа:

  • Првата група – Млади од 18-30 години. Ова истражување треба да даде одговор на следните основни прашања:
    • Каква е навиката кај младите за започнување на сопствен бизнис?
    • Дали ја знаат работата на локалните власти и дали би побарале нивна помош за развивање на својот бизнис?
    • Дали имаат информација за некоја посебна мерка или политика на локалната власт за промовирање на претприемништвото?
  • Втора група – Локални власти и креатори на политики. Истражувањето на оваа целна група треба да даде одговор на следните основни прашања:
    • Дали имаат развиено таргетирани стратегиски документи, политики или мерки за промоција и поддршка на младинското претприемништво?
    • Дали имаат воспоставено мрежа на соработка и развој на локален потенцијал за стимулирање на креирањето бизниси, размена на информации и научно знаење и иновации?

Сите заинтересирани за повеќе информации да испратат свое CV на elena.g@cefe.mk или info@cefe.mk најдоцна до 12 Август 2016 година.