Повик до едукатори и ученици од областа на туризмот за учество на обуки во АЛБ, РКС, ИТА

Сподели

ЦЕФЕ Македонија во рамки на проектот ВИРТУАЛ (јакнење на дуалното образование во туристичкиот сектор преку виртуелна и огментирана реалност). https://www.virtual-erasmusproject.eu/ организира обуки и студиски посети за градење на капцитетите на едукаторите, експертите, наставниците, менаџерите, претприемачите, учениците и студентите во областа на туризмот.

Преку овие настани целта е да се зголеми квалитетот и можностите за едукација на студентите и учениците, а индиректно да придонесе во развој на туристичкиот сектор во нашата земја.

Ви ги претставуваме информациите за трите настани:

  1. Од 30.09.2024 до 04.10.2024, ќе организираме обука и студиско патување за 50 едукатори и експерти од Македонија, Албанија, Италија и Косово во Тирана, Албанија во просториите на Европскиот Универзитет во Тирана и Професионалниот Колеџ Тирана. 

Целта на обуката ќе биде да се поттикнат и обучат едукаторите како да воведуваат иновативни технологии како виртуелна и аугментирана реалност во нивните наставни методи. 

Од Македонија ќе имаме место за 10 учесници. Бараниот профил на учесници е: професори, наставници, поддржувачи на туризам, сопственици на туристички бизниси, ментори, менаџери, обучувачи, кои имаат познавање и разбирање на англиски јазик на разговорно ниво.

Пријавете или информирајте ваш колега, за кој мислите дека ќе има добивка од овој несекојдневен настан, да земе учество. 

Пополнете ја пријавата за изразување на интерес до 25 септември 2024. 

  1. На 8,9 и 10 октомври 2024 година организираме 3 дневна обука за 50 ученици и студенти од Македонија, Албанија, Италија и Косово во Приштина, Косово, во просториите на Универзитетот за Бизнис и Технологии. 

Целта на обуката ќе биде студентите практично да искусат обука за туризам преку иновативни технологии на виртуелна и аугментирана реалност. Обуките ќе се одвиваат преку една од најдобрите светски платформи EON Reality  https://eonreality.com/  

Од Македонија ќе имаме место за 10 учесници. Бараниот профил на учесници е: студенти, ученици, практиканти во секторот туризам од 14 до 27 години. кои имаат познавање и разбирање на англиски јазик на разговорно ниво.

Пријавете или информирајте ваши ученици и студенти, за кои мислите дека ќе имаат добивка од овој несекојдневен настан. Пополнете ја пријавата за изразување на интерес до 01 октомври 2024. 

  1. Од 04ти до 08ми ноември 2024 година организираме 5 дневна обука  и студиско патување за 24 ученици и студенти од Македонија, Албанија, Италија и Косово во Перуџа, Италија.

Целта на обуката ќе биде студентите да разменат искуства во поглед на користењето на виртуелните технологии со своите соученици од Италија, Косово и Албанија, и како може праксата да се подобри преку користење на виртуелна реалност.

Од Македонија ќе имаме место за 4ца учесници. Бараниот профил на учесници е: студенти, ученици, практиканти во секторот туризам од 14 до 30 години, кои имаат познавање и разбирање на англиски јазик на разговорно ниво.

Пријавете или информирајте ваши ученици и студенти, за кои мислите дека ќе имаат добивка од овој несекојдневен настан. Пополнете ја пријавата за изразување на интерес до 01 октомври 2024. 

Сите учесници на настаните ќе добијат соодветен пакет на материјали кои се креирани во рамки на проектот. Трошоци за сместување, храна, освежување за време на тренингот, патни билети и материјали за учење ќе бидат покриени од страна на организаторите – ЦЕФЕ Македонија. 

Задолжителното патничко осигурување, како и средства за приватни расходи во текот на настаните се инвестиција на самите учесници.

Принципите за селекција на кандидатите ќе бидат:

1. Соодветност и стручност според бараниот профил на учесник

2. Прв пријавен – прв услужен

3. Родов баланс

4. Од секоја организација по 1-2 учесници, се до исполнување на бараниот број на учесници

Информации и консултации за настаните +389 78 437 267 Јован Сталевски j.stalevski@cefe.mk ; info@cefe.mk и +389 71 324 959 Благој Трајков blagoj.t@cefe.mk 

Во рамки на проектот, направивме и мапирање/истражување, на институциите кои обучуваат кадар во областа на туризмот. Проектот ВИРТУАЛ е финансиран од Еразмус плус програмата на Европската Комисија, во областа на градење на капацитетите на стручното образование ERASMUS-EDU-2022-CB-VET.