ЦЕФЕ Македонија организира онлајн настан по повод ЕРАСМУС Денови на 15ти Октомври 2022 од 14:00 до 16:00 часот (Централно Европско Време). ![]()
![]()
Целта на настанот е да се информираат ЦЕФЕ практичари низ светот за можностите што ги нуди Ерасмус+ за взаемна соработка на проекти за период 2023-2025.
Агендата содржи:
- Кој е организатор на настанот? – ЦЕФЕ Македонија
- Како ЦЕФЕ Македонија и нашите клиенти имаат бенефит од Ерасмус+ програмата?
- Што е Ерасмус+, како програма вредна повеќе од 30 билиони евра?
- Кои се програмите што се нудат за соработка помеѓу Европа и државите од Америка, Африка и Азија, особено во проекти од поле на – младина, развој на вештини, иновации и полиси?
- Каде може да се најде упатство и алатки за Ерасмус+?
- Повик за акција за 2023.
Модератори и говорници на настанот ќе бидат: Јован Сталевски и Благој Трајков
Како да се регистрирате: https://forms.gle/3MAWJD5JiohtNCqt6
Регистрацијата трае до 12ти Октомври!
Контакт и инфо: Сара Цветковска+389 78 714 993

