Пријавите се сеуште отворени

Обука за обучувачи

преку искуствено учење

Важност и цел на обуката

Обуките се важен дел од развојот на човечкиот капитал. За да бидат успешни обучувачите мора да бидат подготвени да ги применуваат техниките на обучување согласно барањата на целната група. Оваа обука е дизајнирана да ве запознае со начините на работа со возрасни. Поконкретно со методите на искуствено учење, како најефективен начин за градење на компетенции.

Секој обучувач мора да го има техничкото знаење за да може со помош на методите и техниките за обучување да го пренесе своето знаење и искуство на учесниците. Тој мора да ги знае меѓучовечките односи, а во текот на обуката ќе биде запознаен со групните процеси.

Целта на оваа обука е учесниците да се стекнат со компетенции (да добијат знаења, вештини, ставови и навики) за испорачување на обука (планирање, дизајн, реализација и проценка на ефектите.).

Кога?

29/30/31 ОКТОМВРИ 2024

01/02 НОЕМВРИ 2024

16:30 - 20:30 Часот

Каде?

Земјоделски Факултет - Скопје

и инвестирај во занает кој што може да го промени вашиот живот

Кои методи се применуваат?

Структурирани вежби за искуствено учење, симулации, играње на улоги, студии на случаи, предавања, групна работа, коучинг и работа на терен.

Секој тематски дел е комбиниран со вежби и вие сами можете да ги применувате техниките.

На обуките се обезбедува почит кон учесникот, безбедна околина и се реализира во пријатни услови за работа.

За кого е наменета?

Содржина на обуката

На крајот на обуката вие ќе бидете способни да:

Добивки од обуката

и инвестирајте само 15.000 МКД во занает кој што може да го промени вашиот живот

Обучувач/и на програмата

Обуката ќе биде спроведена од Јован Сталевски, обучувач со домашно и интернационално искуство. Тој е интернационално сертифициран мастер обучувач и советник од страна на ЦЕФЕ Интернационал. Поседува над 15 годишно искуство во обуки за претприемништво, кариерен развој, проектен менаџмент и обуки за обучувачи по светски признатата ЦЕФЕ Методологија. Во портфолиото на учесници се вбројуваат вработени во корпорации, државни институции, фондации, универзитети се до претприемачи, млади и едукатори од целиот свет. Кога станува збор за обуки и коучинг за обучувачи, неговата биографија освен бројни тренинзи во Македонија, вклучува и обуки за обучувачи од Европа, Јужна и Централна Америка, Азија и Африка.

Што кажуваат истражувањата на задоволството на учесниците после ЦЕФЕ обуки?

Испитаници задоволни
0 %

Преку 80% од испитаниците искажуваат целосно задоволство од обуката;

Зголемен приход
0 %

За 30% им се зголемиле приходите на 98% од претприемачите со 1-2 вработени и 100% од претприемачите со 6-20 вработени после учество на ЦЕФЕ обуки;

0 %

тврдат дека обуките придонеле за нивен личен развој;

0 %

развиле претприемачки компетенции;

0 %

развиле сопствен бизнис;

Како да се пријавите и учествувате?

Пријавете го и регистрирајте го вашето учество со пополнување на електронската форма за учество до 02 октомври 2024 година.

Уплатаете ја сумата од 15.000 денари на сметка на:

ЦЕФЕ Едукација и Тренинг

210-0749054201-96

НЛБ Банка АД Скопје

Цел на дознака: ИМЕ ПРЕЗИМЕ (на учесник) 04 ТоТ

Со вашата уплата ви испраќаме потврда за регистрација и ги отпочнуваме пдготовките на материјали за вашето место.

Контактирајте ги нашите консултанти:

Јован Сталевски

078 437 267

Мартин Костадиновски

072 213 033

Елена Гагачева

Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија Скопје

Ул. Руди Чајевац бр. 1/1-60, Аеродром – Скопје, Македонија

© Copyright - CEFE Macedonia™, 2024

Designed by: screensculptures.com