Одржан саем за вработување во Северна Митровица, косово

На 13.02.2018, во Меѓународниот Бизнис Колеџ во Северна Митровица, се одржа саем за вработување со околу триесет работодавачи од северно Косово.

Организатори на саемот беа тимот на ЦЕФЕ Македонија, и Гермаската канцеларија за соработка ГИЗ Косово.

Саемот за вработување беше организиран во рамките на проектот “Младите, Вработување и Вештини”, на кој му претходеше обуката на 50 млади луѓе од северно Косово, на возраст од 18-35 години.

 

На саемот учествуваа околу 30 приватни компании ангажирани во различни активности. Младите луѓе кои биле подложени на обука ќе имаат можност да стажираат во нив.

За сите практиканти ЦЕФЕ Македонија обезбеди месечна надокнада од 150 евра за три месеци.

“Со цел да се промовира вработувањето на младите од овој проект ние работиме со постојните структури за да ги зајакнеме сите заинтересирани страни кои што сакаат да придонесат во вработувањето на младите од Косово. Проектот поддржува мерки кои им помагаат на младите луѓе успешно да учествуваат на пазарот на трудот и им дава можност успешно да се вработат и да се здобијат со професионална пракса”, вели Јован Сталевски, претседател на ЦЕФЕ Македонија.

“Главната цел на овој проект е да се создадат подобри услови за вработување на младите луѓе, затоа што знаеме дека многу граѓани на Косово на возраст под 30 години, поготово од немнозинските заедници, повратници, како и лицата со посебни потреби имаат потешкотии за вработување”, изјави Кумрије Келменди, експерт соработник на проектот од ГИЗ Косово.

Сите оние што успешно ја поминаа обуката им беа доделени сертификати, а на организациите кои учествуваа во проектот (Агенциите за вработување од Северно Косово, локалната организација ЛИНК и Civic Engagement Center) им беа доделени благодарници за поддршка на активностите од проектот.