Обуки за меки вештини во Северна Митровица

Во рамки на проектот „Млади, Вработување и Вештини“, проект на ГИЗ Косово, финансиран од Германско-Косовската Соработка за Развој, ЦЕФЕ Македонија како подизведувач, реализираше обуки за меки вештини.

Обуките траеја  пет дена (15-19.01.2018 и 22-26.01.2018) , беа реализирани во CIVIC центарот во Северна Митровица и опфатија 50 млади луѓе кои беа поделени во две групи од по 25 учесници.

На овие обуки, младите, невработени лица од Митровица, Зубин Поток, Звечан и Лепосавич, се здобија со нови знаења и вештини во областа на комуникацјата, личниот развој, правилно однесување на работното место, тимска работа, лидерство, вмрежување, потрага по работа, професионализам и решавање на конфликтни ситуации.

Следна фаза од проектот е саемот за вработување каде учесниците на овие обуки ќе имаат прилика да се запознаат и да се вмрежат со бизнисите кои ќе земат учество во проектот и ќе им понудат платена пракса. Праксата ќе биде во висина од 150 евра и ќе биде платена од страна на ЦЕФЕ Македонија, со пари обезбедени како дел од самиот проект и ќе биде со времетраење од три месеци.