Вести

Објавено на јануари 20th, 2023 | од admin

0

Настан за вмрежување во областа на едукацијата и гемификацијата

Од 11 до 18 јануари 2023 година, во Жебжидовице, Полска се вмрежувавме со организации и компании од областа на искуственото учење и користењето игри во едукативниот процес.

На настанот учествуваа 30 учесници од 19 земји од Европа и соседни држави.

Целта на овој тип настани е претставниците од разлчини организации да се запознаат меѓу себе, да осознаат кои се нивните силни страни и интереси, кои се потребите на луѓето за коишто постојат, и да креираат заеднички проекти во програмата Еразмус+.

ЦЕФЕ Македонија поттикна иницијатива за креирање на стратешки проекти од областа на финансиската писменост, промоција и едукација за агро бизниси, и јакнење на капацитети за проектен менаџмент на организациите од стручното образование.

Се надеваме дека овие идеи ќе бидат финансирани од Еразмус+ програмата и ќе имаме можност да одговориме на потребите на населението во Македонија.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑