Во периодот од 19.08.2024 до 27.08.2024 година во рамките на Erazmus + проектот “Youth exchange for Sustainable tourism in the Szekler area ” во малото гратче Кристуру Секуеск (Cristuru Secuiesc) во Романија учество зедоа учениците од СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип: Тео Тиков, Андреј Георгиевски, Илија Ризовски, Кристијан Гуњов, Теодора Филиповска и Петар Петров, водени од тим лидерот – професорот Стојан Хаџи-Николов. Заедно со 30 други учесници од Шпанија, Португалија, Естонија, Литванија и Романија тие реализираа многу активности:
- меѓусебно запознавање, надежи, стравови и очекувања;
- правење на тим и откривање на градот;
- тимови за правење на видеа;
- симулација на Европски парламент;
- проблеми со кои се соочуваат тинејџерите и нивно решавање;
- разгледување и слободно време во средновековниот град Сигишоара (Sighisoara), градот во кој е роден грофот Влад Цепеш Дракула и кој е под заштита на УНЕСКО;
- power point презентација (претставување на својата земја Македонија, историјата, традициите и обичаите храна и пијалок );
- презентација на видео теми од историја, туризам и обичаи;
- бура на идеи за работилници-изработка на план за десиминација во училиштето и негово презентирање;
- евалуација на Младинска размена и церемонија за доделување на сертификати Youthpass.
Голема благодарност до СОУ “Коле Нехтенин“ што се наши соработници и што им даваат можност на учениците да се вклучат во интернационални проекти, а со тоа да изградат интеркултурни вредности, толеранција, различни перспективи, да зборуваат на странски јазик, да стекнат пријателства со врсници или истомисленици од странство.










