Креираме идни амбасадори за промоција на претприемништвото

ЦЕФЕ Македонија ќе биде стратешки партнер во реализација на проектот „ТоТ и коучинг за идните амбасадори на претприемништвото“ кој што ќе се реализира во првата половина на Октомври 2015 година во Кајзери, Турција. Со оваа активност ја надополнуваме нашата мисија за промовирање на претприемачката култура и вербата во претприемачки и иновативни општества.

Ќе се обучат 22 тренери кои во иднина ќе ја користат ЦЕФЕ Методологијата во обучување и развој на бинис компетенциите на луѓето во општествата во кои работат и живеат. Повикот е отворен за 22 заинтересирани учесници (по 2 учесници од Македонија, Турција, Бугарија, Грција, Италија, Романија, Шпанија, Холандија, Естонија, Словачка и Полска). Обуката ќе трае вкупно 12 дена и планиарана е екскурзија до неверојатната Кападокија и богатата историја на Кајзери, кој патем е и најпретприемачкиот град во Турција со огромна претприемачка култура.

Координатор на проектот ќе биде ЛИФОС груп од Кајзери, интернационални партнери ќе бидат организации, фондации, универзитети и институти од 12 европски земји наведени погоре, а локални патнери се Општина Кајзери како и Универзитетот Абдула Ѓул од Кајзери.

Детали околу повикот и услови за учество најдете во брошурата.

Сите заинтересирани кандидати треба да пополнат електронска апликација на САЛТО, (или ако немаат сметка на САЛТО да ја пополнат оваа ворд апликација) и да испратат своја биографија на info@cefe.mk најдоцна до 28ми август 2015 година. Резултати од селекцијата на 3 септември 2015.