Креиравме 33 потенцијални бизниси за Пелагонискиот регион

Консултанти од ЦЕФЕ Македонија (Катерина Кимовска, Геровска, Деан Стојановски) во периодот мај – август 2023 година, им помогнаа на 33 учесници во програмата за самовработување да креираат свои бизнис планови што ќе се реазлизираат во Пелагонискиот регион на Македонија. Програмата за ваучерско советување за бизнис план е реализирана од Агенцијата за Поддршка на Претприемништвото на Р.С. Македонија.

Овие претприемачи ќе донесат најмалку 33 нови  вработувања во регионот за следната 2024 година и се надеваме преку нивниот раст, за уште многу во иднина. Секторите во кои што работат се: угостителство, трговија, градежништво, производство, транспорт, услуги за разубавување, интелектуални услуги и друго.

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Македонија ги ангажира нашите консултанти да го изработат нивниот бизнис план за кој што претприемачите апликанти би добиле грант од државата во износ од 5.000 евра до 10.000 евра.