Како да ја користиме технологијата на корисен начин

Сподели

Од 27 јули до 4 август, претставници од CEFE Македонија учествуваа на незаборавна Еразмус+ младинска размена заедно со млади од Естонија, и Малта. Настанот се одржа во недопрената природа на Ваксна, Естонија. 

Импресиите на учесниците, како и неколку фотографии, ги споделуваме со вас: 

„Проектот ни помогна да го преиспитаме начинот на кој ја користиме технологијата, не како губење време, туку како алатка за раст, фокус и вистинска конекција. 🌿 Шетавме низ природа, 💡 Размислувавме за нашите навики, 📈 Си поставувавме лични цели 🎯 Научивме како да ги следиме чекор по чекор.“ 

„Неколку моменти што ни оставија впечаток беа: 

✅ The Goal Game Plan – визуелен начин на поставување цели 

✅ Problem Solving Hackathon – креативен предизвик за решавање на секојдневни проблеми поврзани со начинот на кој ја користиме технологијата 

✅ Отворени разговори за дигитални навики, ментално здравје и личен развој 

✅ Културна вечер, сауна, езеро и вечери под ѕвезди“.  

„Цела недела овде, немаше за цел само да поминуваме помалку време со технологија, туку како да ја користиме технологијата на паметен начин. Голема благодарност до сите фасилитатори, партнери и домаќини за создавање топла, сигурна и инспиративна атмосфера“.