Како да се надминат стравот, агресијата, зависта и алчноста за успех во претприемништвото?

На 12 и 13 септември 2015 година во хотел Капри, Битола, се оржа обука која е единствена до сега на тема психологија во претприемништвото. Организатор на обуката е здружението ЦЕФЕ Македонија, а на неа присуствуваа повеќе од 90 претприемачи, студенти, мрежни маркетери и вработени во институции од цела Македонија.

Темите кои се разработуваа се засноваа на емоционалната интелиганција во претприемништвото, поконкретно, негативните емоции (страв, алчност, агресија и завист) како пречка за успехот на претприемачите.

Добивките кои што учесниците ги понесоа од оваа обука се: препознавање на негативните емоции кои се испречуваат пред успехот на претприемачот, алатки за нивно менаџирање и како да ги применат во секојдневното работење

Учесниците и организаторите имаа чест да соработуваат со обучувачот Г-дин Сем Вакнин –  Светски експерт во областа на клиничката психологија, автор на многубројни светски бестселери на темата (вклучувајќи ја и “Malignant Self-love: Narcissism Revisited”), бизнис консултант, како и економски аналитичар и коментатор. Гостин говорник на обуката беше Г-дин Зоран Витанов.  Еден од основачите на ЦЕФЕ Македонија и виновник за успешноста на стотици претприемачи од Амстердам до Дубаи.

Ова е една од темите која е најретко застапена и најоскудно дисеминирана во рамките на неформалното образование (семинари, обуки, работилници). Повеќето формални и неформални едукации ставаат акцент на вештините и компетенциите за водењето на бизнис, но многу мал процент се посветува на основата на тие бизниси – претприемачот и неговата психолошка подготвеност за успех (или неуспех).

 

Во медиумите: http://tera.mk/strav-zavist-agresija-i-alchnost-emitivni-prechki-kaj-pretpriemachot/

Фотографии: http://on.fb.me/1icfJJn