Како да ги развиете претприемачките компетенции – “Месец на претприемаштвото“

Претседателот на ЦЕФЕ Македонија Јован Сталевски на покана Студентискиот парламент при Факултетот за електротехника и информациски технологии Скопје одржа свое предавање на 13-ти Февруари како дел од „Месец на претприемаштво“. Во рамките на месец Февруари се организираат предавања, работилници и панел дискусии, од успешни претприемачи кои ја споделуваат својата приказна и своето искуство за реализација на бизнис идеи.

Јован го претстави своето лично искуство како неформалното образование ја поттикна и разви неговата претприемачка кариера, а посебно искуственото учење преку ЦЕФЕ методологијата преку која ги разви и зацврсти претприемачките компетенции. На интерактивен начин на присутните им ги презентира предностите на оваа методологија и како истата веќе наназад повеќе од 20 години креира успешни претприемачи.

Целта на настанот е да се поттикне претпримачкиот дух кај студентите од техничките факултети, кои ќе добијат мотивација своите идеи да ги претворат во реалност. Повеќе слики на: фејсбук страната на ФЕИТ.