Целокупните активности што се одвиваа на „Конгресот за искуствено учење“ водеа кон заклучокот дека исксутвеното учење има тенденција да биде иднина на образованието во светот.
Конгресот се одвиваше од 19 до 21 март 2025 година, во Катовица, Полска, со поддршка на Министерството за образование на Полска, Слезискиот универзитет во Катовице, Стеленбош универзитетот од Јужна Африка, Институтот за искуствено учење од САД и ЦЕФЕ Интернационал, како координативно тело на целокупната ЦЕФЕ мрежа од светот, и финансиска поддршка од Еразмус+ програмата на Европската Комисија.
Главната цел на настанот беше да ја поттикне и зајакне меѓусекторската соработка во областа на искуственото учење. Учествуваа повеќе од 60 учесници во живо и 40 на виртуелните средби. Претставници на универзитети, училишта, тренинг центри, граѓански организации, вработени во агенции за образование како и студенти.
Активностите кои се одвиваа беа: поздравни говори од истакнати говорници и академици, презентации на истражувања од областа на искуственото учење, работилници за претставување на алатки и техники, настани за вмрежување, работни средби за идеи за соработка, виртуелни работилници, како и забава и дружење.
Г-ин Дејвид Крокал, еден од топ 10те академици од областа, истакна дека ако сакаме да го зачуваме биодиверзитетот и климата мораме да им го доближиме тоа знаење и однесување на сегашните и идните генерации преку исксутвеното учење.
Г-ѓа Рут Ендрјус од Стеленбош универзитет, Јужна Африка посочи дека искуственото учење сеуште не е доволно прифатено во високото образование и е потребно градење на капацитети на професорите и едукатприте во универзитетите. Преку интернационални партнерства да се охрабрат и да разменубаат добри практики.
Г-ин Хауард Вилијамсон, професор на Велшки универзитет за младинска работа се осврна на историските податоци на исксутвеното учење како пред 40 години Маргарет Тачер воведе стратегија за претприемачко образование во цела Британија која наставниците ја спорведувале преку техники на симулациии и бизнис игреи.
Г-ин Мустафа Ердоган од Центарот за искуствено учење од Истанбул порачува искуственото учење секогаш да отпочнува и да се поврзува со реалниот живот и она што треба да го научи учесникот.
Г-ѓа Марлинде Баренз, од ЦЕФЕ Интернационал, истакна дека во успешноста на ЦЕФЕ методологијата лежат 2 принципи: чувството на одговорност од учесниците, бидејќи доаѓаат по своја волја и имаат мотив да направат нешто. И второ, пристапот на вклученост на сите учесници без разлика на нивната позадина или цел. Овие два принципи во голем дел придонесоа ЦЕФЕ методологијата да има 90% успешност и задоволство од учесниците и да докажува дека е еден од најдобрите методи за претприемачки компетенции во последните 35 години.
Како поддршка на ЦЕФЕ методологијата беше презентирано и истражувањето за влијанието на ЦЕФЕ методологијата врз учесниците во Македонија од 2014-2024 година, преку кое Г-ин Јован Сталевски сподели дека 99% од учесниците ја препорачуваат методологијата и 85% се здобиле со бизнис вештини.
Препораките за иднина и развој на искуственото учење во Европа произлезе да се креира Еворпска академија за исксутвено учење каде едукаторите од разлилни сектори ќе можат да се надоградуваат.



























