Вести

Објавено на август 14th, 2022 | од admin

0

ИНТЕРВЈУ: Зоран Витанов – “ЦЕФЕ ве учи како да размислувате и делувате како претприемач“

Прочитајте го интервјуто со Зоран Витанов, еден од основачите на ЦЕФЕ Македонија, лидер, визионер и креатор на претпримачи. Тој ќе биде еден од говорниците на Глобалната ЦЕФЕ Конференција за Претприемништво која што ќе се оддржи на 25 и 26 август во Хотел Панорамика во Скопје. 

Како еден од ко-основачите на ЦЕФЕ Македонија, можете ли накратко да ни кажете како започнува приказната на ЦЕФЕ кај нас? 

CEFE приказната во Македонија започна во далечната 1997 година, кога се одржа првата обука под покровителство на Германската банка за меѓународни порамнувања Deutsche Ausgleichsbank и германската државна агенција GTZ. Таа обука траеше интензивни 30 дена, од кои произлегоа првите потенцијални ЦЕФЕ тренери. 

Што е она што успеа да го направи ЦЕФЕ и ЦЕФЕ Методологијата со своето работење во регионот во областа на претприемништвото?

ЦЕФЕ ја подигна свесноста и важноста од претприемништвото, бидејќи времето во кое што се појави беше време на транзиција од планско општество во општество на слободно пазарно тргување. Колективната свест на регионот пред појавата на ЦЕФЕ беше непроменета, а условите беа нови. Слободно можам да кажам дека улогата не ЦЕФЕ беше значителна во промената на колективната економска свест.

Која е главната цел на работењето на ЦЕФЕ? 

Главната цел на ЦЕФЕ е обука на претприемачки вештини и охрабрување на луѓето да влезат во претприемничките води, наместо да чекат вработување или да работат на безперспективни монотони работни места. Дамата кратенка значи Креирање на претпријатија преку оформување на претприемачи.

Што е она што ја прави ЦЕФЕ Методологијата успешна низ светот?

Тајната на успехот на ЦЕФЕ Македонија е дупликацијата на компетентни обучувачи по ЦЕФЕ методата. Мислам дека нема континент каде што македонските ЦЕФЕ тренери немаат реализирано успешни обуки. Според моите сознанија за сега единствено во Австралија се уше немаме реализирано обуки. Тајната на сама методологија, пак, е во тоа што применуваме искуствено учење. Ученикот го претвораме во учеСник на симулирани ситуаци од реалната економија.

Зошто препорачувате на секој млад, амбициозен и успешен човек дека треба да ја посети Глобалната ЦЕФЕ Конференција за Претприемништво?

Мене ЦЕФЕ комплетно ми го смени животот. ЦЕФЕ ве учи како да размислувате и делувате како претприемач. Да сакате да се занимавате со личен бизнис, а да не се обучувате по ЦЕФЕ метода е како да сакате да пукате со пушка, а да не нишанете!

Не пропуштајте оваа одлична можност да бидете дел од оваа конференција каде што ќе имате можност да научите многу за претприемништвото и да се вмрежите со луѓе од целиот свет. 


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑