Вести

Објавено на август 11th, 2021 | од admin

0

ИНТЕРВЈУ: Емилија Митева Кацарски – “Главната причина поради која се приклучив на Академијата за развој и пишување на проекти e да научам како правилно се развива проектна идеја“

Една од учесничките од првата група од Академијата за развој и пишување на проектни предлози, беше Емилија Митева Кацарски, Про-декан на Економскиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев“. Прочитајте за нејзиното искуство од оваа академија во интервјуто на Емилија за ЦЕФЕ Македонија.

  1. Пред сe честитки за успешно завршување на Академијата за развој и пишување на проектни предлози на ЦЕФЕ Македонија. Која беше главната причина поради која се се одлучивте да се вклучите на оваа Академија?

Ви благодарам. Главната причина поради која со задоволство се приклучив на оваа Академија беше потребата да научам како правилно се развива проектна идеја и се пишува проектна апликација.

  1. Какво беше твоето искуство како учесник? Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Искуството стекнато за време на оваа Академија е неповторливо од причина што многу детално и етапно се разработува структурата на проектната идеја. Академијата дефинитивно ги исполни моите очекувања, за што и воопшто не се сомневав имајќи го предвид моето претходно искуство со ЦЕФЕ Македонија.

  1. Дали сметате дека со знаењето и стратегиите кои што ги научивте на Академијата за пишување и развој на пркетни редлози можете да ги примените за реализирање во пракса на вашите проекти?

Знаењето стекнато на оваа Академија паралелно резултираше со развој на конкретна проектна идеја, од причина што Академијата не ви нуди само теоретско знаење, туку и несебична менторска поддршка почнувајќи од идентификувањето на проектната идеја, па се до разработката на проектниот концепт.

  1. Која беше најпредизвикувачката сесија од Академијата за вас?

Чувството на возбуда дека ќе се научи нешто ново и интересно ме водеше од сесија во сесија. Посебен впечаток ми остави сесијата која што се однесуваше на генерирање и селекција на проектната идеја, согласно девизата “Развој на проект е развој на себеси. Најдобриот проект кој што ќе го развиете сте вие самите”.

  1. Дали менторите кои ве водеа низ Академијата ги задоволија Вашите очекувања?

Посебна благодарност до Јован, Шемо, Александра и Катерина, кои навистина имаа одлични презентации и го дадоа својот максимум во нашето оспособување за пишување на проектни предлози.

  1. Кој е најдобриот совет кој што го доби од менторите на Академијата?

“Сите пропуштени седенки и дружења, сите потсмевања, критикувања, непреспиени ноќи и утра … ќе се исплатат! Само продолжи кон целта“

  1. Какви придобивки очекувате за вашите идни проекти од Академијата?

Благодарение на Академијата се проширија моите хоризонти во поглед на можностите за финансирање на проектните идеи и како посебна придобивка од Академијата е токму вмрежувањето со луѓето кои ги запознав таму.

  1. Што би им препорачале на оние кои би сакале да се вклучат на оваа Академија?

Доколку имате идеја и сакате да направите некоја промена преку истата, воопшто не се двоумете. Пријавете се на Академијата за развој и пишување на проектни предлози и проверете зошто ЦЕФЕ Македонија се најдобри!

Сите оние кои сакаат да ги научат најдобрите стратегии како да пишуваат проекти, може да се пријават за следната група од Академијата за септември и окомври на следниот линк: https://bit.ly/3oMGeJs

Доколку сакате да прочитате повеќе за Академијата, тоа можете да го направиме на линкот во продолжение: https://bit.ly/34SFHww

 


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑