ИНТЕНЗИВНА ОБУКА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА МЛАДИ

Сподели

13 – 14 декември 2025

Дводневна интензивна обука за претприемништво за млади, која ќе ве лансира во стартап водите.
Претприемништвото е сет на вештини кои можат да се научат, а ЦЕФЕ Македонија повеќе од 20 години успешно го прави тоа во Македонија но и надвор низ светот. Нашата методологија и филозофија е толку забавна што ни една минута нема да се почувствувате дека учите – ќе се забавувате! 

Без разлика дали имаш бизнис идеја или не. За да започнеш да се градиш како претприемач потребна ти е само одлука! А оваа обука е првиот чекор!
Секоја идеја може да вреди милиони – она што ги издвојува успешните бизниси е инвестицијата која претприемачите ја прават во себе и своите вештини!
Инвестирај во себе! За подоцна да инвестираат во твојот бизнис!

Цели на обуката:

  • Разбирање на поимот претприемништво и претприемачките карактеристики
  • Генерирање и евалуација на бизнис идеја
  • Анализа на околината и креирање стратегија
  • Поставување на бизнис цели
  • Разбирање и формирање на макретинг микс
  • Истражување на пазарот и маркетинг стратегија
  • Разбирање на основните менаџерски и организациски активности
  • Разбирање на бизнис финансиите и финансиските извештаи

Кога: 13 и 14 декември 2025 / 09:00 – 18:00 часот
Каде:  Скопје, локацијата ќе биде објавена наскоро

За кого е наменета:

  • Млади и амбициозни луѓе кои планираат или сакаат да започнат бизнис,
  • Идни претприемачи и бизнисмени
  • Студенти
  • Фриленсери
  • Млади кои сакаат да инвестираат во себе и виско ценети пазарни вештини

Програма:

  • Модул 1: Основи на претприемништво и претрпиемачки карактеристики
  • Модул 2: Генерирање и селекција на бизнис идеја
  • Модул 3: Анализа на околина и поставување на цели
  • Модул 4: Креирање на маркетинг стратегија
  • Модул 5: Менаџирање на организација и комуникација
  • Модул 6: Бизнис финансии и финансиски извештаи

Методологија

Начинот на работа се заснова на интерактивна обука, односно искуствено учење преку ЦЕФЕ Методологијата. Примената на симулации, бизнис игри и студии на случаи ќе им даде на учесниците можност да ги развијат своите бизнис вештини. Исто така ќе се користат примери од вашите бизнис средини, со што ќе се осигура дека ќе биде применливо за вашите потреби.

Обучувачи:

Зоран Витанов – CEFE мастер обучувач и советник. Еден од основачите на ЦЕФЕ Македонија во далечната 1997 година. Приближно 30 години лично претприемачко искуство. Експерт во областа на финансиски менаџмент, стратешки бизнис развој, мрежен маркетинг и продажба. Со исклучителни менторски способности кои креираат лидери и претприемачи во Македонија и странство. Реализирани преку 3000 настани и обуки за претприемчи и менаџери од Балканот, Европа и остатокот од светот.

Елена Гагачева – ЦЕФЕ обучувач со повеќе од 10 години искуство во тренинзи за претприемништво, бизнис вештини и финансиска писменост. Како креатор на едукативни програми, има водено бројни тренинзи за млади и возрасни, помагајќи им да ги развијат своите идеи во реални проекти. Има богато искуство како проектен координатор на интернационални проекти и бројни тренинзи во Македонија и Европа. Дополнително, таа е маркетинг специјалист со практично искуство од индустријата.

Дополнителни добивки од обуката:

  1. ЦЕФЕ сертификат за учество на обука
  2. Материјали за работа и понатамошно користење
  3. Оброк и освежување
  4. Вмрежување и соработка со другите учесници

Пријавете се во 3 чекор: 

  1. Пополни кратка пријава – https://forms.gle/YHq3EUiYHazCSfvF8
  2. Чекај повик за потврда на твоето место
  3. Уплати ја сумата од 6500 денари на сметка на:

ЦЕФЕ Едукација и Тренинг
210-0749054201-96
НЛБ Банка АД Скопје
Цел на дознака: ИМЕ ПРЕЗИМЕ (на учесник) 01 БВ

За повеќе информации јави се на:
Елена Гагачева
075 257 075
elena.g@cefe.mk