Претставници од проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во вашата земја“, како и претставничка од Локалната Агенција за Развој – Струга гостуваа во утринската емисија „Јоклама“ на ТВМ – Охрид, каде ги промовираа активностите кои ќе следат во Охрид и Струга.
Во месец април ќе организираме средби со студентите и професорите на
– Универзитетот Св Апостол Павле во Охрид (09 април),
– Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (23 април),
– Европски Универзитет Струга (22 април),
за да им ги прикажеме можностите за развој на бизнис во Македонија, да претставиме успешни бизнис приказни, како и да дискутираме за предизвиците и можностите што тие ги гледаат во оваа насока.
Овие средби се од отворен тип и може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани, со претходна пријава на info@cefe.mk
За да го гледате гостувањето во емисијата кликнете тука.

