Успешна претприемачка приказна која ги разубавува Прилепчани – „Ема Плејс“

Приказната за успешниот бизнис на Емилија Костадиноска не почнува со нашиот разговор, ниту со отворањето на студиото, туку со нејзината желба да има сопствен бизнис кој ќе биде надополнување на бизнисот на нејзиниот сопруг.

„Мојот сопруг е фризер и познат во својот занает. Додека помагав околу неговиот бизнис, размислував и посакував диверсификација на фризерските услуги. Сакав да ризикувам да почнам свој бизнис и знаев дека ќе успеам.“ раскажува Емилија.

На почетокот за реализација на желбата имала сосема доволно: локација за фризерското студиo во центарот на Прилеп и решителност. И недостигале само дополнителни финансиски средства. И така, сосема случајно, од пријатели, дознава за проектот на УНДП и за средствата од 3000 евра достапни преку Агенцијата за вработување.

„Од Агенцијата за вработување ни дадоа можност да избереме меѓу 12 консултатни кои треба да ни помогнат во изработка на бизнис план. Јас без двоумење се одлучив за Јован Сталевски од ЦЕФЕ Македонија. Тоа што заеднички го сработивме беше причина бизнис планот да биде рангиран на првото место од сите изработени бизнис планови. Во вториот круг продолживме со консултативните услуги. Планот, односно мојата идеја за бизнис беше наградена со потребните финансисkи средства.“ вели Емилија.

Во период од неколку месеци почнува со работа фризерското студио „Ema Place“. Почетокот на работата е најавена со спектакуларен настан, со огномет, многу гости и позитивна енергија. Сопственичката на ова студио веќе гордо ги најавува идните планови за работа:

„Она што ќе ме направи и понатаму успешна е мојата верба за развој на бинзисот. Животот и работата ме научија да го извлечам максимумот од ситуациите. Затоа, научиви и да ги слушам клиентите, не поради профит туку за да ги задоволам нивните желби и потреби. А ако имам повеќе профит од тоа што ми е мене и на моето семејство доволно, знам да го вратам онаму каде што треба, за некоја хуманитрана цел или спонзорство.“ вели Емилија и додава „Она што можам да препорачам врз основа на моето искуство во бизнис секторот е дека потребна е ваква вид на поддршка и помош, односно консултант или ментор. Затоа што пристапот кон идејата и желбата за бизнис е професионален. Ако сама би минувала низ тој процес не верувам дека би пристапила како што пристапив благодарение на Јован. Затоа што планирањето беше базирано врз реални разговори, бројки и пресметки.“

Пораката од Емилија до сите оние кои се двоумат дали да почнат сопствен бизнис или не, е да бидат поразлични со тоа што го би го нуделе на пазарот и само така би биле успешни.

 

[Best_Wordpress_Gallery id=”13″ gal_title=”Ema Place”]